ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Владата со нови дигитални алатки за брзо детектирање и за борба против ширењето на корона вирусот

April 5, 2020 18:01
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Последните податоци за 555 заразени од корона вирус во земјава, укажуваат дека се ближиме кон најавениот „пик“. На неколку прес конференции по ред, министерот за здравство Филипче посочи дека епидемиолозите работат деноноќно за да ги мапираат сите лица со кои заболените биле во некаков контакт. Но поради сѐ побрзиот раст на заболени, овој процес е бавен и се очекува да стане уште потежок, како што се ближи пикот на пандемијата. Според епидемиолозите, најтешко е мапирањето на случајните контакти со кои еден заболен се разминува или пазари на исто место, бидејќи е тешко тие да се идентификуваат.

Во тој контекст, Владата најави воведување на нови дигитални алатки кои ќе го забрзаат процесот и ќе ја автоматизираат постапката онолку колку што е возможно. Министерот Манчевски на брифинг со медиумите напомена дека се разгледуваат сите дигитални решенија кои се практикуваат во светот, но дека меѓу два различни концепти на дигитални решенија, Владата одлучила да користи решение кое е најмалку инвазивно и кое во голема мера зависи од самите корисници. Станува збор за решение кое има дадено позитивни резултати во Сингапур, но го воведуваат и други земји во Европа.

Според Манчевски, станува збор за апликација, која се инсталира на смарт телефон, и која не користи лични и приватни податоци. Апликацијата, веднаш по инсталирањето генерира случаен идентификациски број, кој е единствено видлив преку вклучување на безжичната „блутут“ (Bluetooth) конекција. Апликацијата ги меморира другите идентификациски броеви (други телефони со истата апликација и вклучен блутут) доколку се на 2м близина односно доколку дојде допир на блутут со блутут сигнал од друг телефон.

Податоците се меморираат само во период од 14 дена, додека секој податок постар од 14 дена автоматски се брише. Податоците не се праќаат никаде, остануваат на телефонот, и само во случај на сознание дека сте позитивни на корона вирус се праќаат. Податоците стигаат кај епидемиолозите, кои веднаш започнуваат да ги контактираат телефонски сите идентификациски броеви кои биле во непосредна близина од 2м во изминатите 14 дена и на тој начин обезбедуваат спречување на понатамошно ширење.

Апликацијата е во изработка, после консултации и координации со стручните лица во Комисијата за заразни болести, кои истата ја препорачаа и за која расправаше и главниот кризен штаб но и во Владата, на една од редовните седници на кои се носат мерките за борба и заштита од ширење на корона вирус, напомена министерот Манчевски на брифингот. За оваа апликација, клучно е што повеќе граѓани да ја користат како би се идентификувале непознатите носители на корона вирус, и би се спречувало несвесното ширење и пренесување на вирусот.

Next Post

Државните карантини на Балканот - во соседството во мигрантски центри и шатори, во Македонија во хотели и пансиони

Shortcut

Најново

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk