Четиримесечно бебе од Кочани е најмладиот пациент заболен од Ковид 19 во земјава. бебето и мајката, која исто така е позитивна на вирусот, се лекуваат на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
„На Клиниката е примена мајка и четиримесечно бебе од Кочани кои во моментот имаат стабилна клиничка слика, секојдневно се пратат од страна на педијатар со некоја сосема лесна форма на анемија и исип. Бебето е во стабилна здравствена состојба и без потреба од респираторна поддршка“, рече Филипче.