пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Кога по секоја цена се гледа да се скине „парче живо месо“ од ткивото на државата и да се зарие „нож во грб“ врз довербата и спокојот на граѓаните, тогаш се добива ова однесување на една политичка банда која за жал е врхушката на најголемата опозициска партија на чие чело е Христијан Мицкоски.
Од една страна имаш признание од плејада европски лидери, амбасади, ЕУ институции кои оценуваат дека Македонија, колку што тоа е можно во ваква криза, добро се носи со оваа пандемија, а од друга страна го имаш Мицкоски и неговата партиска распашотка, помогната со будимпештански медиумски платеници, кој на секаков начин се обидува да ќари и исцица капка крв и пот на маката на сите граѓани и без ни малку срам се обидува да припише партиско поенче на контото на својата банда.
Но, што е посреди и зошто Мицкоски „на врат на нос“ излегува со едно вакво инсинуирање:
Што прогнозира Светска банка
Најновиот извештај на Светска банка (страна 63 и 64) за македонската економија во 2020 година е пад на БДП од 0,4% ако пандемијата заврши до јуни. Тоа го вели драги мои еминентната Светска Банка за прогнозите на македонската економија, која е лоша но далеку од „апокалиптична“ како што се обидува Мицкоски во своето Фејсбук писание да инсинуира. Проценките за нас споредбено со тие од државите во регионот се најоптимистички. Прогнозите на Светска банка, пак, за 2021 година се дека македонската економија ќе се стабилизира и ќе достигне раст на БДП од 3,7%, а тоа се должело според прогнозите на Светска банка на зачленувањето на земјава во НАТО и почетокот на пристапните преговори со ЕУ.
Што вели Мицкоски
„Чувствувам одговорност вели Мицкоски, да споделам една кратка анализа и ќе оставам граѓаните да одговорат: Дали Заев и СДСМ намерно ја втурнаа македонската економија и граѓани во апокалиптично сценарио водени од лични и партиски интереси или е нешто друго во прашање?“, се прашува Мицкоски.
Прво, покрај сето негово политичко поведение, во иста реченица да се спојат Мицкоски и одговорност е оксиморон, тоа до сега на сите им е јасно, но, следејќи го однесувајњето на Мицкоски и врхушката околу него како се однесува за цело време откако седна во претседателската фотеља во Белата палата, ќе мора да смогнеме сили и една толку лицемерна реторика да ја проследиме.
За каква одговрност говори Мицкоски, навистина секој здраворазумен македонски граѓанин оправдано се прашува и никако не може да си го најде одговорот.
А како почна?
Уште по прогласувањето на препораките Мицкоски реши да прави масовна групировка каде ги собра сите 120 кандидати за пратеници и околу илјада вазали и како глинени гулаби спремни за отстрел од видусот, ги напика во Македонската филхармонија. Потоа следеа редица на собиранки, славења на родендени во кафулиња, па посетување на теретани и сето тоа кога беснее опаснооста од пандмијата и тие групни збиранија се темпирана бомба на која и е расипан тајмерот.
Се фалеше Мицкоски потоа дека ќе му поднеселе кривична пријава на министерот Филипче. Се закануваа од вмровската палата со редица прес конференции дека сѐ имаат евидентирано, дека има наводен криминал, ама тие ќе чекале подобри времиња за да го обелоденат. Погодувате, подобрите вмровски времиња се разрешениот судија Панчевски да преземе обвинителни конци, или најверојатно ќе биде тоа Каракамишева, останува само да нагаѓаме.
Пред некој ден оној со обравчињана што им е потпредседател истури исто така купишта неосновани обвинувања па се зафатија со она каде што вмроните се снаоѓаат најдобро – местење на тендери, подметнувања и провизии. Истиот тој потпредседател за искажани лаги и инсинуации успеа да се закити со демант и од Обединети нации. Потоа следеше една траги-комична серија каде се избламира лично Мицкоски со фалби дека издејствувал меѓународна помош, па и тоа излезе кркамбар. Илче им е аутиран не знам по кој основ, ама некако ми фали Антоњо во последно време, откако му го зедоа здивот со „бомбата“ со судиите, ама не му се секирам многу, тука е некаде не се дава тој така лесно, ќе појави глава од некоја дупка.
Внимавајте, Мицкоски во неговото писание на Фејсбук (намерно нема да ви го линкам, да си го побарате ако имат живци за кинење) за да прикаже колку била апокалиптична (ова е нов збор во неговиот вокабулар, изгледа ќе мора да се навикнеме) економската состојба сега, се повикува на тоа што говореле Заев и економскиот тим пред да почне кризата. Замислете, Заев во нормални услови, кога немаше пандемија предвидувал едно, а сега сме имале сосема друго.
WOW, генијално асистенту на тато!
Треба да си незамисливо очаен за на памет да ти падне да компарираш една ваква ситуација кога сѐ мора да насочиш со факторот време што е пресуден за резултатите од таквата споредба. Тоа што манипулира и лаже со процентите е сосема друга приказна. Па реди Мицкоски бројки, проценти и графикони онака си фрла од ракав како ќе му дојде.
Се изнамачил кутриот со анализи кои немаат ама баш никаква реална поткрепа, Вели Мицкоски имале решенија и предлози кои овие сега на власт не им ги прифаќале. Како бе Мицкоски да ти верува народот дека си подготвен да носиш решенија и да се жртвуваш, кога вие од белата палата не сте спремни ни од буџетските пари за својата партија да се откажете за да придонесете во буџетот, а не пак за нешто друго? Со кое лице истапува тој потпретседателот и вели ќе барал отчетност за парите кои Заев ги дал за пакети кои им се донирале на граѓаните од ранливите категории. За донацијата ќе барал одговорност недарбината, просто да не ти се верува колку е оваа политичка опција забегана?! За бедните новинари што на тие шпекулации од тој со обравчињата само климаа и се надоврзуваа, е, за таа рапсодија од очајници во друга прилика ќе ви беседам.
Па, потоа се чудат кога ќе ги затепа со „шамари и клоци“ нормален народ на социјалните мрежи затоа што потценуваат интелигенција.
Е, па, ќе ве шамарат?