Не стигматизација, туку сега, повеќе од било кога, да дадеме вистинска ПОДДРШКА за новинарите, снимателите, фотографите и сите други вработени во медиумите, напиша Бојан Кордалов на Фејсбук.
„Мора конечно да разбереме колку е пожртвувана и голема улогата на медиумските работници и на каков ризик се изложуваат ПОСТОЈАНО, а собено во вакво време на пандемија.
Почит и поддршка до сите! Посакувам полесно закрепнување и многу негативни тестови. Ќе пројде и ова!“, напиша Кордалов во објавата.