ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Активности на Здружението „АН-БЛОК“ во рамки на проектот „Заедно со вас да ги направиме децата среќни”

За реализација на проектот пројавија интерес многу институции каде има ранлива категорија на деца.

April 11, 2020 10:23
in МЕДИУМИ, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на граѓани за култура и уметност „АН-БЛОК“ Скопје, во услови на пандемија им овозможи на децата ефективно, едукативно и рекреативно користење на слободното време преку примена на ИКТ како стратегија која се наметна како резултат на почитување на мерките за заштита од корона вирусот.

Во рамки на проектот „Заедно со Вас да ги направиме децата среќни” кој е финансиски поддржан од Град Скопје, тие реализираат неколку активности, а организатор е претседателката на Здружението Поликсена Илиоска.

Дел од актовностите, како што соопштија од Здружението, се презентации за социјална едукација и градење позитивен однос кон непосредната околина, значењето на личната хигиена, психосоцијална поддршка наменета за деца без родители сместени во мали групни домови и згрижувачки семејства при Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Потоа, здравствена едукација за усвојување на практични животни вештини, последици од примена на несоодветен начин на исхрана итн.

-Интересот за реализирање на проектните активности во рамките на проектот „Заедно со Вас да ги направиме децата среќни“ е сѐ поголем затоа што целите кои се стремиме да ги постигнаме се реално потребни и се од голема важност затоа што опфаќаат широк спектар од сите сфери на општественото живеење. За реализација на проектот пројавија интерес многу институции каде има ранлива категорија деца, се вели во соопштението.

Од Здружението сметаат дека вниманието оваа година треба да се насочи кон деца кои се згрижени во сите мали групни домови и згрижувачки семејства при  Детскиот дом „11 Октомври“, како и кон вработените во нив и тие се целна група годинава при реализацијата на проектот„Заедно со Вас да ги направиме децата срекни“.

Генерална цел на проектот, додаваат, е градење самодоверба и инкорпорирање во општествениот живот, а приоритетни конкретни цели се: имплементирање на основните права и слободи на децата за нивна сицијалната заштита кои се темелат на базичните меѓународни документи, вклучување во општествениот живот и овозможување социјални услуги, поттикнување и развој на личните и општествени вредности, овозможување на еднакви можности, унапредување на здравствената заштита преку вклучување во едукативни програми за стекнување нови знаења и вештини и зголемување на нивото на здравствена едукација, вклучување во различни интерактивни активности за поттикнување на креативното размислување и изразување, овозможување полесно адаптирање во средината и поттикнување комуникација и финансиска поддршка на децата и домовите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ирански ракетни напади оштетија нафтоводи и далеководи, Израел изврши напад врз воен објект во Иран

June 15, 2025

Најавениот пилот проектот за затворање на Дебар маало за возила добива поддршка од граѓаните

June 15, 2025

Општина Центар со финансиска помош за Кочани, кога е најтешко да си подадеме рака

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk