ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Контраспин: Потценувањето на барањата и заканите на Реџепи може да доведат до поделба во општеството

Релативизацијата на не баш дискретната закана на првиот човек на ИВЗ, Сулејман Реџепи, од страна на вицепремирот Бујар Османи, е извртување на вистината и тоа најмалку во две насоки или два слоја.

April 11, 2020 23:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Бујар Османи даде изјава во врска со заканите и барањата на првиот човек на ИВЗ, Сулејман Реџепи, за финансиска помош од државата поради „корона кризата“, во која се препознава спин, пишува Вистиномер.мк.

Спин: Мислам дека изјавата е извадена од контекст. Не треба да правиме драма од тоа што тие бараат помош, бидејќи секој во овие услови е оштетен. Во редовна комуникација сум со поглаварот. Бидејќи јас побарав од нив да ги затворат џамиите во текот на пандемијата, тие ми се обратија мене. Основен извор за финансирање на ИВЗ се донациите за време на празникот Рамазан. Нивниот став е дека доколку тие не работат сега, нема да можат да исплатат плати на имамите, оџите и тн. Тоа е ист проблем како на рестораните, кои велат дека ќе ги отпуштат вработените.

Контраспин:

Релативизацијата на не баш дискретната закана на првиот човек на ИВЗ, Сулејман Реџепи, од страна на вицепремирот Бујар Османи, е извртување на вистината и тоа најмалку во две насоки или два слоја.

Најпрво, Османи вели дека Реџепи бил изваден од контекст, што не е точно, затоа што, гледајќи го целиот контекст на изјавата на Реџепи за овој проблем, сосема е јасно дека тој вели оти може и да не ги почитува препораките на Владата поради опасноста од „корона кризата“ и може да ги повикаат верниците масовно во џамиите, доколку не добијат помош од Владата, за што ургирал преку Османи:

„Денеска побарав од генералниот секретарот Мирсад Јакупи да контактира со Бујар Османи, кој е член на кризниот штаб и вицепремиер, дали има нешто? Тој вели дека досега нема ништо. Ќе ги потсетам малку поинаку, со писмо, затоа што не дај Боже ние да ги суспендираме одлуките, нема сила што ќе може да се бори против епидемијата, ви гарантирам, тогаш тука ќе стане Бангладеш“, изјави реисот Реџепи.

Тука нема што да се вади од контекст, без оглед на смирениот тон на Реџепи кога ова се гледа во живо на видеото. Но, спинот на Османи не е само во ова.

Вицепремиерот вели „не треба да правиме драма од тоа што тие бараат помош, бидејќи секој во овие услови е оштетен“ и уште на крајот додава дека „тоа е ист проблем како на рестораните, кои велат дека ќе ги отпуштат вработените“.

На ваквиот став на Османи се надоврза неименуван извор од Владата синоќа (09.04.2020), кој за 360 Степени изјави дека мерките мора да се почитуваат, „а Владата ќе продолжи да создава и реализира мерки за да помогне на сите заедници и на општеството и граѓаните“.

Тука, со ваквата теза дека секој е оштетен, и дека имамите се исто оштетени како вработените во рестораните, на пример, како и тоа дека владата ќе помогне на „сите заедници“ (кажано е во контекст на верските заедници), извртувањето на вистината навистина е големо.

Прво, точно е дека „сите се оштетени“, но не е точно дека кај сите штетата е подеднакво голема и чувствителна, а особено не може да се израмнат верските заедници со рестораните или општо туризмот и угостителството. Зашто, додека во рестораните и хотелите навистина не влегува никој освен ако евентуално државата не смести луѓе што мора да одат во задолжителна изолација, верските објекти се постојано отворени. Де факто, посетата иако е многу намалена, таа никогаш не престанала откако е почната корона-кризата, што може да се види ако денеска на пример посетите некоја џамија или црква.

Второ, ниту јавноста, па ни Османи, па ни Владата, немаат вистинска претстава колку квантифицирано се оштетени верските заедници во земјата. Зошто? Затоа што ниту големите, ниту малите верски заедници и религиозни групи немаат обврска да плаќаат даноци, пред сѐ, на имот, а нивните приходи се третираат како приходи на невладините и непрофитните организации, за кои, иако се должни да поднесуваат завршни сметки, тоа според дел од медиумите, не го прават со години. (Инаку, овие прашања се регулирани со соодветните закони, и оној за црквата и верските заедници и оној за данокот на имот).

Всушност, ниту во некогашниот социјализам, па ни 30 години потоа, денес јавноста нема претстава колкави се буџетите на најголемите верски заедници во земјата МПЦ-ОА и ИВЗ. Државата знае нешто повеќе за богатството на заедниците зашто, на пример, во почетокот на 2019 г. правеше вонредни проверки во МПЦ-ОА, поврзани со други бизниси на Црквата, а пак со ИВЗ истата година се расправаше за враќање на имот, но и можеше да види дел од приходите преку судскиот спор за превласт во врвот на ИВЗ, при што овој истиот Реџепи и тогаш се закануваше, па дури и до степен на говор на омраза, иако Обвинителството не најде елементи за такво дело.

Според тоа, ако не се знаат точните приходи на ИВЗ (истото важи и за МПЦ-ОА и за сите други), ниту Османи, ниту Владата немаат морално право да обесштетуваат во овој момент „загубени приходи на ИВЗ од кои се делеле плати“. Таквиот спин со израмнување на реалниот економски сектор и верските заедници, при што се спинува со потценување и во однос на реалните закани што сега ги прави Реџепи (а претходно на исто ниво ги правеше и Владиката Агатангел од МПЦ-ОА), е многу опасно и де факто може да доведе до многу поголеми поделби во општеството.

Што значи, пред било какви размислувања за помош на ИВЗ (по што секако ќе мора да следи иста таква за сите други верски заедници во државата), Османи и Владата нека побараат и нека ѝ ги прикажат на јавноста реалните состојби со приходите во ИВЗ и во сите други цркви, верски заедници и религиозни групи.

Извор: Вистиномер.мк.

Next Post

Ноам Чомски за катастрофалните политики на Трамп во справувањето со пандемијата, за Берни Сандерс и за тоа што му дава надеж

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk