ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Статистики: Околу 105.000 починати од корона вирус во светот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.725.126 лица заразени со новиот корона вирус.

April 11, 2020 16:41
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.725.126 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 104.878, а оздравеле 390.107 луѓе, објави МИА.

Бугарија – Во државата заразени се вкупно 648 луѓе, од кои 24 нови. Од нив 15 се од Софија. Најстариот пациент има 90 години, најмладиот само седум години.

Австрија – Во државата има 13.672 луѓе заразени со новиот коронавирус  од кои 6.604, до денеска се опоравиле. Бројот на заразени лица, односно бројот на смртни случаи и излекувани, се намали за околу четири проценти во изминатите 24 часа на 6.731. Бројот на починати се искачи од вчера за 18 на 337. Бројот на пациенти на интензивна нега се намали за 15 на 246. Министерот за здравство, Рудолф Анскер, објави дека по Велигден, фокусот ќе биде  домовите нега на стари изнемоштени лица.

Холандија – Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус се зголеми за 132, што значи дека животот досега од тој вирус го задубиле 2.643 лица. Вкупниот број заразени лица е зголемен за 1.316 на 24.413, соопшти Националниот институт за здравство.

Швајцарија – Бројот на починати од коронавирусот во Швајцарија се зголеми за 26 на 831 денеска, соопшти Министерството за здравство. Бројот на потврдени случаи се зголемил од 24.308 на 24.900.

Хрватска – Денеска се пријавени 39 нови случаи на заразени со што вкупниот број е 1.534. На респиратори има 32 пациенти, 357 хоспитализирани, 14 повеќе од вчера, изјави министерот за здравство Вили Берош. Според претходните податоци, починал 21 пациент.

Британија – Британскиот премиер се опоравува многу побрзо од Ковид-19, соопшти денеска неговиот Кабинет, а министерот за здравство соопшти дека се уште не е достигнат пикот на заразата во Велика Британија. Бројот на смртни случаи во британските болници е близу 9.000, откако вчера беа пријавени уште 980 починати. Овој дневен пораст е поголем од рекордниот број за нови смртни случаи во Италија за 24 часа. Борис Џонсон помина три дена во одделот за интензивна нега пред да биде пренесен во обична болничка соба. „Здравствената состојба на премиерот много добро напредува“, нагласи портпаролот на Даунинг стрит 10.

Индија – Вонредната состојба продолжена за две недели. Карантинот беше воведен на 25 март. Досега се регистрирани 7.500 случаи на заразени и 240 смртни случаи од болеста.

Next Post

18: Пикот на КОВИД-19 на почеток на мај со 1.100 заразени, штетно однесувањето на опозицијата, не е точно дека мајката и синот од Велес се починати повеќе од еден месец

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk