Ваквиот вандализам мора да престане! Летниковецот во парк шумата Гази Баба беше поставен за луѓето да можат да се одморат, релаксираат и поминат време со своите најмили. Кому му пречело сето тоа? Овој чин не само што направил материјална штета, туку можел многу сериозно да предизвика голема опасност и да ја загрози безбедноста во околината, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на фејсбук.
„Голема благодарност за брзата реакција на Пожарна Скопје што не се дозволи пожарот да се прошири и направи поголема штета, имајќи ја предвид шумата и дрвјата во непосредна близина на летниковецот.
https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/214973126621762/
За време на полицискиот час запален е летниковец во парк шумата Гази Баба. Пожарот го забележале нашите градски инспектори кои правеле рутинска контрола со помош на дрон.
Со брзата реакција на Пожарна Скопје не се дозволи пожарот да се прошири и направи поголема штета, имајќи ја предвид околината“, напиша Шилегов.