Иако има позитивен тренд во бројот на новозаразени, Германците остануваат скептични и не сакаат мерките за борба против корона вирусот прерано да бидат укинати, покажува истражувањето спроведено од Институтот „Југов“ (YouGov).
Вкупно 44 проценти од испитаниците сакаат продолжување на рестриктивните мерки и по 19 април, а 12 проценти се и за дополнително затегнување. Од друга страна, 32 проценти се изјасниле за олабавување на мерките, а осум проценти за целосно укинување, јави германската агенција ДПА, која го нарача истражувањето.
Подготвеноста за почитување на рестриктивните мерки и натаму е голема, па 78 проценти стриктно се придржуваат до нив, 18 отсто делумно, а само два проценти воопшто не ги почитува.