ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

12: Сите против Ковид 19, ДПМНЕ против здравството, внимавајте на менталното здравје на децата, пандемијата е антимакедонски заговор – колумна на Дерала

Блок актуелни вести од 09 до 12 часот.

April 13, 2020 10:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ: Сите се борат против корона вирусот, само ВМРО-ДПМНЕ се бори против здравствениот систем. Колку Игор Николов е загрижен за здравството најдобро покажува тоа што тој ја напуштил позицијата во Клиниката за нефрологија и станал економски промотор во Франција без никакво искуство во областа на економијата и маркетингот.

СДСМ: Пакетот економски мерки позитивно оценет и од ММФ. Владата, институциите продолжуваат со реализација на економски мерки и политики кои обезбедуваат задржување на работните места и сигурни приходи за сите вработени се до надминување на кризата од корона вирусот.

Се бараат казни од по 2 000 евра за 13 лица во Скопје за прекршување на полицискиот час. Лицата се обвинети за делото непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Од полноќ поскап бензин за половина денар, цената на дизелот непроменета. Поскауваат горивата „Супер 95“ и „Супер 98“

Д-р Ефремов: Староста на населението една од главните причини зошто во Италија е толку драматично.

Пристапно предавање на д-р Димитар Ефремов, избран за член на МАНУ надвор од работен состав, на тема „Нови приоди во третманот на хроничната лимфоцитна леукемија.

Во однос на вакцината, вели доктор Ефремов, факт е дека во експерименталната фаза може да се продуцира брзо и веќе има некои кои се тестираат врз мал број испитаници, но проблемот е што развојот на вакцините минува низ неколку фази, кои треба да покажат дека немаат штетни ефекти.

Препораки за пациенти на дијализа и со трансплантиран бубрег во услови на пандемија со Ковид-19. Корона вирус инфекцијата може да претставува сериозна закана за пациентите со бубрежни заболувања, особено за пациентите кои се на дијализа или се со трансплантиран бубрег, па затоа од Министерството за здравство  споделуваат препораки.

Вистината е откриена, пандемијата е антимакедонски заговор. Но! Тука се македонските мудреци и патриоти. Тие ископаа длабоки ровови на Фејсбук и Твитер, па херојски испукуваат барутни полнења полни со факти и вистини. Последниот куршум, со конечната вистина, го чуваат за себе, да си пукнат во јуначкото колено, кога злиот, антимакедонски свет, поточно Запад, ќе ги пробие сите линии на нивниот патриотски фронт, пишува Џабир Дерала во најновата колумна.

Конечно, разбравме за што се работи. КОВИД-19, вирусот кој затвори четири милијарди луѓе во нивните домови, а до денот кога го пишувам ова, заразени се повеќе од 1,8 милиони луѓе низ целиот свет а починаа повеќе од 110.000 луѓе е – измислен. Да, добро прочитавте, вирусот е измислен!

Кавадарчанец нападнал полицајци кои го запреле на полициски час. Поради агресивноста и физичкиот напад, бил лишен од слобода.

Нема свадбени прослави во Тетово, се склучуваат само граѓански бракови со најмногу 5 присутни. Во време на Велигденскиот пост секако нема црковно склучување бракови, но како што вели Отец Марјанчо Мадевски, заради епидемијата откажани се и мајските црковни венчавки во Тетово.

Прилеп со налепници за oдржување растојание.

Изгаснати пожарите кај селата Цера и Дулица.

Родители, внимавајте на менталното здравје на вашите деца: Тинејџерка во САД се самоубила поради стрес од самоизолација.

Претстави на Драмски театар од денеска на МРТ 1.

Next Post

Концертот на Андреја Бочели го гледале над 25 милиони луѓе (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk