ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Нема свадбени прослави во Тетово, се склучуваат само граѓански бракови со најмногу 5 присутни

Во време на Велигденскиот пост секако нема црковно склучување бракови, но како што вели Отец Марјанчо Мадевски, заради епидемијата откажани се и мајските црковни венчавки во Тетово.

April 13, 2020 10:04
in ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако подрачните одделенија на Управата за водење на матичните книги работат непречено, корона вирусот е причина речиси воопшто да нема или да се откажуваат процедурите за склучување бракови, говори искуството на вработените во тетовското подрачно одделение.

Граѓаните и посебно младите согласно препораките за намалување на ширењето на корона вирусот ја избегнуваат оваа животна определба и се решаваат процедурата да ја направат во иднина.

Во тетовското подрачно одделение велат дека вработените одат на работа и од тој аспект нема пречки за потпишување во матичната книга на венчаните. Единствена рестрикција има за присуство на луѓе при одвивање на церемонијата. Дозволено е да има само пет лица внатре за да има доволно оддалеченост и да бидат присутни само двајцата кои склопуваат брак, двајца сведоци и матичарот.

– Одделението работи без проблем. Согласно препораките и мерките на Владата, намален е капацитетот на вработените. Од друга страна, намален е интересот сега да се склучуваат браковите. Надвор од нашите службени простории воопшто нема склучување бракови бидејќи, нели, не работат угостителските објекти, а нема венчавки ни во верските објекти, во црквите, како што било практика досега. Има и откажувања на пријавите. Лично сметам дека бракот сега дојде време да се смета како луксуз поради атмосферата, така што сите сега ја одложуваат оваа работа, вели Нагип Назмиу, раководител на тетовското одделение на Управата за водење на матичните книги.

Отец Марјанчо Мадевски од тетовската епархија објаснува дека кај православните верници додека трае велигденскиот пост (од 2 март до 19 април) согласно правилата на Македонската православна црква не се прават венчавки. Сепак, има барања од младоженците за одложувања и во периодот што следува.

– Венчавки закажани пример за во мај се одложуваат. Младите се одлучуваат на тоа поради состојбата со коронавирусот, а воедно бидејќи не се знае дали ќе работат рестораните во тој период. Имаме примери кои презакажуваат од мај за неколку месеци понатаму, во август и септември, објаснува отец Марјанчо Мадевски.

И угостителските објекти кои не смеаат да работат сега, се договораат со заинтересираните свадбени прослави да се прават во понатамошните периоди на годината.

– Нема откажувања, туку презакажувања, со тоа што се договораме и презакажаниот термин повторно да се разгледа со оглед на тоа како ќе се одвива ситуацијата и мерките околу коронавирусот, објаснува Жарко Неделковски, сопственик на угостителски објект за свадби.

Статистичките показатели во Управата секоја година укажуваат на опаѓање на бројката на склучени бракови и сега ја потврдуваат состојбата со негативниот тренд.

На целокупното тетовско подрачје заедно со руралните одделенија во февруари лани се склучени 142 брака, додека во февруари 2020 има 108 брака. Во март 2019 имало 131 брак, додека во март 2020 само 82 брака.

Во текот на 2019 во Тетовско вкупно имало склучено 1 224 брака. На годишно ниво за целата држава има 11 059 склучени бракови. Управата за водење на матичните книги има 178 месни канцеларии низ целата држава каде што може да се стави потпис за склучен брак.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Човечноста не се мери во изборни резултати

July 18, 2025

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

July 18, 2025

Скопјанец возел на патот Охрид-Кичево со 3,15 промили алкохол во крвта

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk