Филипче: Вработен во лабораторијата на Детска клиника заразен со Ковид-19. Стабилни се двете бебиња, кои се најмладите пациенти заразени со корона вирусот. Но, како што истакна Филипче, денеска имаме шест починати пациенти.
Заболениот од Кичево вчера се вратил од странство и е во изолација.
Кичево досега беше едно од ретките места во земјава каде што немаше дијагностициран случај со коронавирус. Ова делумно и засега останува така бидејќи заболениот, за кој се потврди дека е позитивен, неколку месеци не бил присутен во градот.
Ганиу: Tравертинoт не се продава како што некој сака тоа да го прикаже. Проектот „Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир“ е финансиран од Светска банка со грант во износ од околу 600 илјади евра.
„Камењата травертин што сега се вадат, не се продаваат како што некој сака тоа да го прикаже. Тие се собираат и складираат и во следниот период ќе ги класифицираме и ќе ги употребиме на улица Самарџиска во чаршијата“ – изјави Ганиу на денешната прес конференција.
Георгиевски: Моја задача е да нема тензии, прекршувања на редот, мирот или инциденти. И секогаш ќе бидам тука да се вклучам, да ги смирувам тензиите и да се погрижам да нема никакви прекршувања на редот, мирот или инциденти, рече Георгиевски.
Влада: Секој граѓанин е одговорен пред законот. Денеска се поднесени и кривични пријави против тројцата граѓани кои не го почитуваа ограничувањето на движење, а во согласност со насоките на Јавен обвинител, институциите продолжуваат со активности за идентификување на други сторители и преземање законски мерки, наведуваат од Владата.
Градоначалникот на Чешиново Облешево треба да поднесе приватна тужба за да се справи со лажната вест дека починал. Според постојни членови во Кривичниот законик, граѓаните или медиумите што шират лажни вести поврзани со вирусот „Ковид 19“ можат да добијат од парична казна до затвор помеѓу една и пет години.
МНР: Досега репатрирани 3.032 македонски граѓани од над 15 земји. Денеска попладне со лет од Венеција беа вратени 152 македонски државјани.
Кумановскиот суд донесе пресуди за седум лица кои не ја почитувале забраната за движење. Едно лице е прогласено за виновно и осудено на парична казна од 50 дневни глоби.
Во Црна Гора се отвораат привремени „корона“ болници. Објектите ќе бидат отстапени за привремени болници без надомест, а Војската на Црна Гора е задолжена за безбедноста.
Изгаснат шумскиот пожар во зоната на нуклеаната електрана Чернобил.
Руската хидрометеоролошка и еколошка служба „Росгидромет” соопшти дека пожарот што изби на 4 април, не предизвика зголемување на нивото на радијација на територијата на Русија и истата останува во рамките на безбедносните граници.
ММФ прогнозира рекорден пад на БДП во еврозоната. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира рекорден пад на бруто домашниот производ (БДП) во еврозоната во текот на годината поради пандемијата предизвикана од новиот корона вирус.ММФ предвидува намалување за 7,5 проценти на БДП во еврозоната откако во 2019 година предвидуваше раст од 1,2 отсто во 19. земји со единствена валута.