Прв случај на заболен со ковид-19 во Кичево е потврден од Министерството за здравство во дневната статистика за последните 24 часа, пренесе 360 степени.
Кичево досега беше едно од ретките места во земјава каде што немаше дијагностициран случај со коронавирус. Ова делумно и засега останува така бидејќи заболениот, за кој се потврди дека е позитивен, неколку месеци не бил присутен во градот.
„Станува збор за момче што работело на брод во една од европските држави и вчера се вратило во земјава, преку протоколите за враќање на нашите државјани дома. Како што налагаат правилата, тој бил сместен во задолжителен државен карантин, распределен во хотел во Скопје и сè уште е изолиран. Тој вчера се пожалил на тегоби и кашлица, а резултатот од направениот тест за присуство на коронавирусот бил позитивен“, велат од Кризниот штаб во Кичево.
Здравствената состојба на заболениот со корона вирус засега е стабилна.