ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Коста Петров со детали за тоа кој може да ја искористи помошта од 14.500 денари по вработен

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, на денешната прес-конференција истакна дека во оваа битка сме зите заедно и дека заедно ќе го надминеме овој тежок период. Петров ја нагласи директната помош од 14.500 денари по вработен што ја овозможи владата предводена од СДСМ и ги образлож деталите за тоа кој може да биде корисник на оваа парична помош.

April 14, 2020 13:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, на денешната прес-конференција истакна дека во оваа битка сме зите заедно и дека заедно ќе го надминеме овој тежок период. Петров ја нагласи директната помош од 14.500 денари по вработен што ја овозможи владата предводена од СДСМ и ги образлож деталите за тоа кој може да биде корисник на оваа парична помош.

„Ова е тежок период за сите нас. Од средината на март повеќето од нас си ги поставуваат истите неколку прашања.
Како да продолжиме со работа? Како да ги зачуваме компаниите кои макотрпно сме ги граделе со години? Како да ги исплатиме платите на нашите колеги кои со годините станаа и наше семејство, во време на една од најголемите глобални кризи во светот?

Ова се тешки времиња за сите нас, но запомнете, оваа битка нема да ја водиме сами. Ќе го надминеме ова заедно.
За да ги зачуваме работните места, Владата предводена од СДСМ, овозможи  директна помош од 14.500 денари по вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата.

Преку оваа мерка ќе можете да ги финансирате потребите за платата на вашите колеги но и да ги зачувате нивните работни места за време на кризата.

Дозволете ми да одговорам на најчесто поставуваните прашања поврзани со оваа мерка.
Како да дознаам дали можам да бидам корисник на мерката за финансиска поддршка на работодавачите од 14.500 месечно по вработен?

– Оваа мерка можат да ја искористат СИТЕ компании кои ги исполнуваат следните услови:
Намалени приходи од над 30% во април и мај споредбено со просекот од месеците во 2019та година.

Да не се исплаќа дивиденда или бонуси за време на користење на мерката.
Да нема над 120.000 денари нето плата на над 10% од вработените.
За кои вработени може да се искористи оваа мерка?

Мерката е достапна за сите вработени кои имаат нето плата до 39.900 денари.
За сите управители и сопственици со нето плата до 39.900 денари.
Мерката може да ја користите и за вработените кои веќе ја користат мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите.

Би сакал да напоменам дека мерката не може да ја користите за вработени кои користат ослободување од придонеси од проектот “Македонија вработува 1 и 2” и вработени за кои ќе се користи антикризната мерка за 50% субвенции на придонеси
Како да аплицирам за мерката?

Поднесете барање до УЈП до 5-ти во месецот преку системот Е-ДАНОЦИ.
Во МПИН образец-от во полето 3.23 внесете шифра 619. Во случај да користите и мерка за покачување на платите, внесете ја шифрата 621.

Кога ќе ги добијам средствата на сметката на мојата компанија?
Средствата ќе ги добиете најкасно до 13ти во месецот. Платата на вашите колеги ќе треба да ја исплатите до 15ти во месецот за претходниот месец.

Дали треба да ги вратам добиени финансиски средства?
Средствата се враќаат само доколку остварите добивка во 2020 година. Она што би сакал особено да потенцирам е дека, враќањето е максимум до 50% од тоа што сте го добиле како финансиска поддршка

За крај, би сакал да напоменам дека за користење на оваа мерка, работодавачот треба да го задржи истиот број на вработени заклучно со јули 2020 година.

Мој апел до сите вас е да ја искористите оваа мерка. Некои се плашат да ја искористат мерката бидејќи се плашат од инспекции и казни. Апелирам, оваа мерка постои за да се помогне на сите работодавачи и работници а не да им се наштети. Да изградиме заедничка доверба и заеднички да ја пребордиме оваа глобална криза!“, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров на денешната прес-конференција

 

Next Post

Филип Морис донира медицинска опрема во вредност од 110.000 евра за Клиниката за инфективни болести во Скопје

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk