Во центарот на градот, на скопскиот плоштад е поставена уште една уметничка инсталација со порака.
Џиновски домашни папучи вè потсетуваат да седите дома.
На таблата пишува: Седете дома. Без непотребно движење и непотребни контакти. Социјалната изолација е најдобра превенција“.
Ова е само една во низата инсталации кои на креативен и забавен начин ѝм посочуваат на граѓаните, колку е важно да се почитуваат мерките за превенција од корона вирусот.
Пораката на сите е да се седи дома, да се почитува физичкото растојание, да се одржува лична хигиена, да не се излегува непотребно.
Уметниците што ја поставија оваа инсталација велат дека Седете дома е наменета да им помогне на граѓаните да истраат во ФИЗИЧКАТА излолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата.
„За претстава на оваа интервенција ги избравме папучите кои претставуваат синоним за останување дома но и синоним за почитување на мерките и наредбите бидејќи во Скопскиот сленг терминот папучар најчесто се користи за некој кој безпоговорно ги следи наредбите и советите а во овие мигови сметаме дека токму тоа ни е потребно. Со оваа акција како и со предходната акција (Држете дистанца) сакаме да ги охрабриме граѓаните да издржат во оваа за сите нас многу важна битка но и да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала. Како и предходно и оваа акција ја посветуваме на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре на сите нас. Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори.“ истакнуваат уметниците.