Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерите за здравство и за образование и наука Венко Филипче и Арбер Адеми, денеска остварија средба со директорката на Општата болница во Куманово Снежана Захариева и епидемиолозите при што се информираа за тековната состојба и предизивиците со кои се соочуваат, за надминуавње на тековните проблеми.
Премиерот Спасовски истакна дека во Куманово е остварен најголем процент на направени тестови и апелираше да се почитуваат препораките за физичка дистанца, особено зашто ни претстојат Велигденските празници.