ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски и Османи во Куманово: Мерките се носат во консултација со експертите, граѓаните да ги почитуваат препораките

Во однос на мерките кои се преземаат, премиерот Спасовски истакна дека тие се носат врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, односно во консултација со експертите.

April 15, 2020 14:15
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата,  Оливер Спасовски, во придружба на заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска го посетија Куманово, како град со најголем број на заразени од коронавирусот КОВИД-19 по глава на жител.

Премиерот Спасовски и вицепремиерот Османи присуствуваа на Општинскиот кризен штаб, на кој од страна на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и останатите претставници на локалната власт беа информирани за мерките и препораките кои се преземаат во насока на спречување на ширењето на корона вирусот.
Премиерот Спасовски истакна дека врз основа на добиените информации на состанокот се разгледувани сите опции, со цел да се спроведат потребните мерките кои ќе доведат до побрзо и поуспешно надминување на оваа криза.

„Ние како Влада навремено, пред многу држави во регионот воспоставивме мерки за превентива и заштита, кои даваат резултати. Ќе направиме сè што треба да помогнеме да го заштитиме здравјето и животот на граѓаните, бидејќи тоа е наш врвен приоритет. Исто така ќе направиме сè што треба да и помогнеме на економијата, на работниците и работодавачите, со цел сите да ја преживееме оваа криза“, истакна премиерот Спасовски.

Претседателот на Влада Спасовски ги повика граѓаните да се почитуваат препораките, односно да одржуваат социјална дистанца и да останат дома.

„Колку повеќе и поуспешно ќе се почитуваат овие препораки, и ќе бидеме подисциплинирани, толку ќе имаме подобри резултати во пресекувањето на патот на ширењето на вирусот“, истакна претседателот на Владата Спасовски.

Во однос на мерките кои се преземаат, премиерот Спасовски истакна дека тие се носат врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, односно во консултација со експертите.

Во таа смисла во однос на мерките кои ќе се преземаат поспецифично за Куманово ќе зависат  од  препораките на стручните лица.

За претстојните Велигденски празници премиерот упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките, пред сè да не се групираат и да одржува физичка дистанца.

„Сега е моментот Велигденските празници да ги прославивме дома во кругот на нашите семејства и во духот на нашата традиција. Ние немаме одлука за затворање на верски објекти, ниту за непрактикување  на верата, бидејќи тоа не може да се донесе. Без разлика на состојбата во која се наоѓа државата, тоа е право кое е неприкосновено. Но, веќе и МПЦ и ИВЗ излегоа со ставови да се почитуваат препораките“, посочи премиерот Спасовски.

Вицепремиерот Османи, како главен координатор на Кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од КОВИД-19, истакна дека цел на посетата на Куманово е да се запознаат директно со состојбата во овој град, да ги пренесат владините одлуки и да се усогласат ставовите во дејствувањето со што би се ставило крај на ширењето на коронавирусот.

При посетата владините претставници изразија сочувство до блиските на починатите, а на заболените од коронавирусот КОВИД-19 им посакаа брзо закрепнување.

Воедно владините претставници упатија благодарност до здравствените работници кои се најдоа во првите редови во справувањето со оваа кризна, но и на сите припадници на државните и локалните институции за нивниот безрезервен придонес во спроведување на мерките.

Next Post

Оздравени пациенти 12, а потврдено има 66 нови случаи од Ковид-19

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk