ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Влада: Предлог Уредбата на ВМРО-ДПМНЕ е на штета на осигурениците, неодговорно е да се манипулира со средствата на граѓаните

Уредбата со законска сила за ограничување на преносот на придонесот за задолжително и капитално финансиско пензиско осигурување којашто на денешната седница ја предложи ВМРО-ДПМНЕ преку својот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев е на штета на осигурениците и од тие причини Владата не ја прифаќа, известуваат од Владата на република Северна Македонија

April 15, 2020 09:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уредбата со законска сила за ограничување на преносот на придонесот за задолжително и капитално финансиско пензиско осигурување којашто на денешната седница ја предложи ВМРО-ДПМНЕ преку својот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев е на штета на осигурениците и од тие причини Владата не ја прифаќа, известуваат од Владата на република Северна Македонија.

Од Владата истакнуваат дека со предложената од страна на ВМРО-ДПМНЕ со Уредбата е предвидено од април до крајот на 2020 година да не се врши уплата на задолжителниот дел од придонесот за пензиско осигурување на осигурениците во приватните пензиски фондови, а истиот да се компензира на сметките на осигурениците во период од три фискални години, започнувајќи од 2022 година.

„Како Влада којашто е одговорна кон секој поединец во државата сметаме дека е неодговорно да се манипулира со средствата на граѓаните.

За неприфаќањето на уредбата ги даваме следните аргументи:

– Средствата за пензиски придонес се сопственост на постојните осигуреници – идни пензионери, и со оваа уредба предложена од ВМРО-ДПМНЕ директно би се засегнала личната сопственост на околу 500 илјади осигуреници.

– Исплатата на платите за месец март во април, е веќе во фаза на реализација, а со тоа и преносот на средства на оние осигуреници кои земале плата е реализиран на нивните сопствени сметки во приватните фондови.

– Не е прикажана финансиска проекција со која би се презентирал очекуваниот фискален ефект од оваа Уредба врз ликвидноста на Буџетот на Фондот за пензиско осигурување, особено во услови кога се очекува намалена наплата на придонес за пензиско осигурување.

– Средствата на осигурениците во приватните пензиски фондови во најголема мера се пласирани во државни хартии од вредност со кои се финансира дефицитот на Буџетот на Република Северна Македонија, а со тоа индиректно е обезбедено и финансирање на дефицитот на Фондот за ПИОМ.

– Со оваа уредба на ВМРО-ДПМНЕ времено се дерогира целокупниот пензиски систем, кој и онака е предмет на континуирани реформи во изминатите неколку години со цел целосно расчистување на сите права и обврски како на осигурениците така и на корисниците на пензии.“, аргументираат од Владата.

Од таму потенцираат дека претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ во своето неодговорно владеење направи целосен колапс на пензискиот систем, којшто сегашната Влада со одговорни реформи го стабилизираше. Успеавме да го намалиме дефицитот за  3,7 милијарди денари, а истовремено да ги зголемиме пензиите.

„Потсетуваме дека обезбедивме 19 милиони евра со кои ги уплативме придонесите на 12.000 осигуреници во вториот столб. На овие осигуреници неколку години им биле префрлани 0 придонеси од ПИОМ кон приватните друштва како резултат на штетните и неодговорни политики на претходната Влада.“ се вели во соопштението од Владата на Република Северна Македонија.

 

Next Post

МЗ: Хроничните пациенти со ревматски заболувања да бидат во домашна самоизолација

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk