Денес во Штип беше спроведена крводарителска акција на иницијатива на Општинскиот кризен штаб.
Граѓани на Штип масовно донираа крв во хуманитарни цели, а потоа им беа дадени заштитни маски за повеќекратна употреба.
На акцијата беа собрани 42 крвни единици.
Со појавата на корона вирусот кај нас, значително се намалија крводарителските акции, а со тоа и резервите од крв.
Црвениот Крст на Штип, на Фејсбук соопшти за акцијата и се заблагодари на големата заинтересираност и хуманост на крводарителите.
„И во овие времиња на борба со непознатото, штипјани се одважија и масовно одговорија на повикот за хуманост. Вкупно 42 крвни единици беа собрани во рамки на Граѓанската крводарителска акција од вонреден карактер.
Ви благодариме што докажувате дека единствено #Заедно можеме сѐ!
Благодарност и до Општинскиот кризен штаб од кадешто произлезе иницијативата за масовна крводарителска акција.
Крводарителите денес добија заштитни маски за повеќекратна употреба.“ – се вели во статусот на Црвениот Крст Штип.