ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

9: Филипче: Носете заштитна опрема, донации помогнати од Првата дама, Велигден се слави и дома, продолжува борбата со дезинформациите

Преглед на настаните во 9.

April 16, 2020 08:12
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

СОВЕТОТ за безбедност на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која се очекува да расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на Ковид-19.

ПРВАТА дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, во соработка со преставништвото на меѓународната организација UNFPA кај нас обезбедуваат потребна помош за бремени жени, стари и изнемоштени лица и лица со попреченост.

ВО ПРЕСРЕТ на Христовото воскресение – Велигден, премиерот Оливер Спасовски апелираше да се почитуваат мерките на Владата, да нема собири и најголемиот христијански празник верниците да го минуваат во кругот на семејството.

ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА и министерка за одбрана Радмила Шекеринска учествуваше на телеконференцискиот состанок на министрите за одбрана на НАТО земјите посветен на борбата против Ковид-19, на кој биле изнесени гледиштата и ставовите на земјите во поглед на ширењето на заразата и мерките за помош на цивилните власти во намалувањето на последиците од нејзиното ширење.

АПЕЛ до граѓаните да носат заштитна опрема ако се сомневаат дека се заболени кога ќе одат во маркети, аптеки, банки, упати синоќа министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил.

СУГАРЕСКИ: Лесно е да се седи на страна, и да се критикува „ради реда”, без да се носи никаква одговорност!

ГЛАВНИТЕ подготовки за Велигден се дома, но не пречи самиот празник да биде во домашни услови, смета етнологот Александар Цветкоски од приелпскиот „Завод и музеј“, нагласувајќи дека обичаите и традициите се жилави и опстојуваме низ вековите.

КОСТОВА: Минатата недела Папата одржа литургија пред камери, додека верниците беа во своите домови, не во храмовите. Само кај нас самоволието на клерот е на стероиди и во ек на пандемија не отстапуваат од штетните практики со кои црквите свесно ќе ги претворат во нови жаришта на корона вирус.

КРИЗНИОТ ШТАБ донесе одлука дека за време на претстојниот продолжен викенд, активистите за бездомните животни, кои се дел од регистирани здруженија, ќе добиваат дозвола два часа дневно во услови на ограничено движење да можат да ги нахранат и да се грижат за бездомните животни.

ДОБРО утро со Денис: Сакам весели луѓе!

СВЕТСКАТА Федерација на глуви: Идентификувавме повеќе од 80 земји со толкување на знаковниот јазик на прес конференциите поврзани со пандемијата COVID-19″ – Меѓу нив е и Република Северна Македонија.

ВКУПНО 28 пациенти заболени од корона вирус досега биле примени во Градската општа боница „8 Септември“, која е официјален тријажен центар за пациенти со Ковид 19 во земјава. Од таа бројка, тројца пациенти починале, а една 26-годишна пациентка е излекувана, изјави вечерва директорот на Градската општа болница, Христијан Костов.

РЕЧИСИ 700 морнари на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ се позитивни на корона вирусот, соопшти француското Министерство за одбрана.

КОМПАНИЈАТА Apple го претстави новиот буџетен Ајфон од серијата СE, во црна, црвена и бела боја.

САД втор ден по ред бележат трагичен рекорд по смртни случаи – во последните 24 часа, од корона вирусот починале 2.371 лице со што вкупниот број на жртви се искачи на 30.800.

МЕЛИСА Мекарти со својот сопруг Бен Фалкон и оскаровката Октавија Спенсер започнаа иницијатива со која сакаат да им помогнат на здравствените работници кои деноноќно се борат со корона вирусот.

ПРЕДИЗВИКОТ All In, нов добротворен обид за снабдување со храна на оние на кои немаат, им нуди на донаторите шанса да бидат дел од снимањето на следниот филм во кој глумат Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо, а е во режија на Мартин Скорсезе.

СВЕТОТ се соочува со „опасна епидемија на дезинформации“ за корона вирусот, при што се шират штетни здравствени совети, теории на заговор и омраза, предупреди Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

ВРЕМЕТО денеска ќе биде сончево и потопло со слаб променлив ветер.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

Човечноста не се мери во изборни резултати

July 18, 2025

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk