Светот се соочува со „опасна епидемија на дезинформации“ за коронавирусот, при што се шират штетни здравствени совети, теории на заговор и омраза, предупреди Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Гутереш ја најави иницијативата на ОН, чија цел е „да го преплави Интернетот со факти и наука, бидејќи се бори против зголемениот напад на дезинформации, отров што доведува во ризик уште повеќе животи“, објави синоќа АП.
Генералниот секретар на ОН ги повика социјалните мрежи да направат повеќе во борбата против ширењето на дезинформации на глобално ниво и да ја „искоренат омразата и штетните тврдења за КОВИД-19“.
Тој рече дека низ целиот свет луѓето се исплашени и сакаат да знаат што да прават и кому да се обратат за совет.
Ним им треба наука, а не безвредни информации, рече тој.