ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Охрид прв пат по долго време без туристи за Велигден

Велигденските празници по правило значеа исполнет град со гости од другите градови, но и туристи од соседните држави, па и од подалечни дестинации.

April 16, 2020 10:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првпат во поновата историја Охрид, центарот на православието во овој дел од Европа, овие велигденски празници ќе ги дочека без верници во храмовите.

Продолжениот полициски час воведен како мерка за справување со епидемијата на корона вирусот значи дека нема да има никакви верски собири по црквите, односно дека верниците ќе мора празниците да ги минат во домовите, што е невообичаено кога станува збор за најголемиот празник во Православието.

Велигденските празници по правило значеа исполнет град со гости од другите градови, но и туристи од соседните држави, па и од подалечни дестинации.

Верниците сите празнични денови масовно ги посетуваа храмовите, охриѓани традиционално уште од Велики четврток се до Воскресението христово одеа на богослужби во црквите, па дури и во понеделниците на втор ден Велигден одеа да палат свеќи на вечните почивалишта на своите блиски.

Оваа година празниците ќе минат сосема поинаку. Од Дебарско-кичевската епархија како и генерално од Македонската православна црква со најави дека ќе се почитуваат препораките на здравствените власти за спречување на ширењето на болеста, така што богослужбите по повод празникот ќе се вршат без присуство на верници.

Со цел празничната атмосфера да стигне во секој православен дом, на иницијатива на Лајонс-клубот „Лихнидос“, порталот „OhridNews“ и „Мега продукција“, а со благослов на Дебарско – кичевската епархија и поддршка на Град Охрид, преку „YouТube“ ќе се врши директен пренос од Велигденската богослужба во храмот Плаошник на 18 април со почеток во 23:30 часот, со која ќе чиноначалствува Владиката Тимотеј, со неколкумина свештеници.

Што се однесува на ситуацијата во градот во врска со коронавирусот, таа досега беше оценувана како стабилна и под контрола. Тоа пред се е резултат на високото ниво одговорност што ја демонстрираат жителите, нивната самосвест и дисциплинираност кога станува збор за почитувањето и примената на мерките и препораките од здравствените власти за спречување и заштита од ширење на заразата.

Со цел да се спречи ширење на вирусот Кризниот штаб донесе одлука за распоредување редари пред влезовите во супермаркетите каде се создава најмногу гужва, задолжени да се грижат за соодветно растојаните меѓу купувачите и почитување на мерките за социјално дистанцирање. Иако на сила за празниците ќе биде полициски час со забрана за движење, сепак спроведена е дезинфекција на православните храмови во градот.

Доста полемики во јавноста пред се на социјалните мрежи предизвика барањето на општинскиот Кризен штаб за органичување на движењето на лица кон и од Охрид, односно да се спречи доаѓањето лица од другите градови кои имаат свои викенд-станови во градот и викендички на охридската ривиера.

Надлежните со став дека таквата иницијатива погрешно се става во негативна конотација за гостопримливоста на охриѓани кои се свесни за важноста на туризмот како стопанска дејност за градот, но интенција беше задржување на релативно поволната состојба во моментот.

Што поголема дисциплина во овие сложени мигови, тоа ќе значи побрзо справување со кризата и поскоро враќање на состојбите во нормала, да може Охрид веќе за престојната летна туристичка сезона да биде повторно отворен за гости и туристи.

Реалноста сепак ќе биде малку поинаква, барањето на Охридскиот кризен штаб не беше прифатено, а само во текот на вчерашниот ден во Охрид се регистрирани повеќе од 300 возила од други градови, без притоа да се сметаат соседните населени места. Независно најавениот полициски час од петок до вторник, во Охрид нема да има туристи но сепак ќе има гости од други градови сместени во нивните станови или викендички.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Кина донира 30.000 евра за набавка на дополнителна заштитна опрема

НАЈНОВО

Фото, генерирано со ВИ

Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

October 5, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

October 5, 2025
фото: Скриншот од Флајтрадар

Инцидент со балони го прекина воздушниот сообраќај во литванската престолнина

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk