ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во Прилеп има 100 заболени од Ковид-19, во самоизолација се 422 лица

Заедно со денешните 11 нови случаи, вкупниот број на граѓани позитивни на КОВИД-19 ја достигна бројката 100. Во самоизолација се наоѓаат 422 лица, а во изминатото деноноќие едно лице не го почитувало полицискиот час и против него е поднесена соодветна пријава.

April 16, 2020 16:27
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедно со денешните 11 нови случаи, вкупниот број на граѓани позитивни на КОВИД-19 ја достигна бројката 100. Во самоизолација се наоѓаат 422 лица, а во изминатото деноноќие едно лице не го почитувало полицискиот час и против него е поднесена соодветна пријава.

Тоа е најкраткиот рапорт по однос на состојбата со коронавирусот во општина Прилеп, која на прес конференција одржана непосредно после седницата на Општинскиот штаб за управување со кризи, ја соопшти градоначалникот Илија Јованоски.

„На денешната седница констатиравме дека, после вклучувањето на припадниците на Армијата во асистенција на полицијата за одржување на редот и почитување на мерките за заштита од коронавирусот, ситуацијата е подобрена. Во најголем дел е решен проблемот со гужви пред банките, големите маркети и Градскиот пазар. Меѓутоа, сеуште се прават гужви пред маалските продавници во одредени населби во градот, заради што уште еднаш апелирам до сопствениците на дуќаните и до граѓаните, да ги почитуваат мерките и препораките за одржување на физичко растојание од минимум два метра и на себе да носат заштитни маски. Денеска ќе се чистат улиците во градот, а во текот на утрешниот ден и во сабота, ќе бидат дезинфицирани сите улици, јавни површини, паркови и влезови во згради“, истакна градоначалникот Јованоски.

Градоначалникот потенцираше дека Општина Прилеп има обезбедено 60.000 заштитни маски, од кои дел ќе бидат поделени во текот утрешниот ден. Маските ќе ги делат волонтери, кои ќе бидат стационирани во сите делови на градот, односно онаму каде во текот на денот се очекува поголемо присуство на граѓаните – пред поголемите маркети, пиљари, месарници и Градскиот пазар.

Епидемиологот од Центарот за јавно здравје, Татјана Станимировиќ, нагласи дека во деновите кога се очекува коронавирусот да го достигне својот пик, мерките кои ги преземаат Општинскиот кризен штаб и здравствените институции, спречуваат бројката на инфицирани да биде многу поголема од актуелната.

„Од вкупно 100 заболени лица, 77 лица се лекуваат во домашни услови, а 23 во болнички услови. Во моментов, во Инфективното одделение има 18 хоспитализирани лица од кои 15 се со потврден КОВИД-19, а останатите се сомнителни на коронавирус и се чека резултат од нивното тестирање. Бројот на инфицирани здравствени работници во Прилеп изнесува 8 и во споредба со другите градови не е голем. Под здравствен надзор се ставени 30 здравствени работници. На дел од нив им е поминат периодот во самоизолација од 14 денови, а сите останати ќе бидат тестирани“, потенцираше Станимировиќ..

По повод претстојните Велигденски празници, од денешната прес конференција градоначалникот Јованоски упати честитка до сите граѓани. Честитајќи им го празник над празниците, денот кој ја празнува и слави победата на животот над смртта, градоначалникот упати апел молитвите за здравје, среќа и бериќет, граѓаните да ги испратат од своите домови.

„Искушенијата што нè снајдоа, нека ни бидат за зацврстување на верата и за духовно напредување. Затоа, за овој Велигден останете дома и од нашите домови да ги испратиме молитвите за здравје, среќа и бериќет на нашите блиски. Празнувањето на Христовото Воскресение да ни даде сила да се справиме со искушенијата пред кои сме исправени и следниот Велигден повторно да го славиме во храмовите ширум нашата татковина“, порача градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

May 13, 2025
Ерол Ризаов

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

May 13, 2025

РКЕ: Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1.000 потрошувачи од косовскиот пазар

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk