Денес, во вилата Водно кај претседателот Пендаровски, Советот за безбедност на Република Северна Македонија ќе одлучува за статусот на вонредната состојба.
Уште пред неколку дена, претседателот Пендаровски изјави дека иако нема големо и драстично влошување на ситуацијата во земјата, нема ни намалување на итнензитетот на ширење на заразата предизвикана од Ковид-19, па затоа е потребно вонредната состојба да биде продолжена за уште 30 дена.
На седницата пристигнаа претседателот на Парламентот, Талат Џафери, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни Наќе Чулев, и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Откако утринава беше потврдено дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е позитивен на Ковид-19, техничкиот премиер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот Бујар Османи, превентивно не присуствуваат на состанокот заради вчерашната посета на кумановската болница.