Некоку припадници на Армијата во кратко видео ги советуваат граѓаните да се држат до препораките и да одржуваат растојание од 2 метри.
Видеото е со мотото „Спаси живот, држи растојание“, и е снимено во Куманово и Прилеп, каде припадници на Армијата се распоредени за одржување на редот.
„Почитувајте ги препораките за одржување безбедно растојание, дајте го вашиот придонес во спречување на ширењето на вирусот Ковид-19″. Армијата е секогаш со вас. Да спасиме животи заедно.“ – се вели во статусот на Армијата на Фејсбук.