Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 од нив се испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а 19 од се лекувале во домашни услови.
Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2 и Македонски Брод -2
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1170. Во изминатото деноноќие направени се вкупно 697 теста.