ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ САТИРА

Валдемар Т’руски и тешката артилерија на црните легии

April 18, 2020 20:40
in САТИРА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: РИБАРО

Екипата на АХА, дојде до еден многу интересен документ од нашата историја, скриен на тајните полици од Архивот, кој за среќа сѐ уште не е потонат во водите од реката на префектот Варда Склир.

Во досието е документирана една подзаборавена битка во која искубаниот генерал Валдемар T’руски со својата глутница ја напаѓа Првата линија на Фронтот.

Глутницата волци предводена од генерал Валдемар T’руски доби директна наредба од остатоците од Црно-црвената легија, да навлезе длабоко на територијата на Атлантида. Црно-црвената лавовска легија непрестано се обидува да ја заземе слободната Република што си ја вратија под свое демократските Атлантиѓани, откако по повеќе од една деценија улични борби, конечно устоличија демократска република.

Откако чопорот волци ја запоседна легијата, од некогашната лавовска легија останато е само името и ништо повеќе, но и таква искубана ја има моќта од своите дувла да крои и прекројува интриги и организира напади против Слободната Република Атлантида. Она што не пресметала глутницата на чело со генералот Валдемар T’руски, е тоа што на Првата линија на Фронтот ќе ги пречекаат прекалени борци слободари. Тие слободари безрезервно се бореа за слобода на Атлантида, во услови на тортура од  црните генерали скриени под пазувата на лешперските искубани волчиња што сакаат да бидат лавови.

Валдемар го кренал мечот и наредил офанзива. Искубаните волци, под команда на искубаниот генерал се здадоа во јуриш…

И, токму во тие драматични моменти влезе еден налутен архивар и ја растера екипата на АХА. Летаа фасцикли и регистри на сите страни. Многу беше лут архиварот, многу, ама екипата успеа да му избега.

После тоа и други служби, архивари и црни легиски остатоци ја прогонуваа екипата на АХА за упадот во потонувачкиот Архив, но исто како и слободарските Атлантиѓани и екипата на АХА храбро одолева на нападите и успева да задржи барем фрагмент од документот каде е опеана борбата на слободарите против генералите.


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана. 
FRONTLINE.MK

Next Post

Задолжително носење маски за граѓаните во Куманово, Тетово и Прилеп

Shortcut

Најново

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk