Фејсбук утре ќе претстави нова гејминг апликација. Facebook Gaming апликацијата првично беше планирана да се појави во јуни, но компанијата ја забрза процедурата со оглед на тоа дека заради карантините низ светот, сите седат дома, јавува Ројтерс.
Инвестирањето во гејмингот генерално, е приоритет за нас бидејќи ние го гледаме играњето игри како форма на забава која навистина ги поврзува луѓето, изјави Фиџи Симо, одговорниот за апликацијата.
Тоа е тип на забава што не е само пасивно конзумирање, но е интерактивна забава која ги зближува луѓето – додава Симо.