ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Апликацијата StopKorona! со неколку илјади симнувања

Министерот Филипче денес на прес конференција кажа дека апликацијата има неколку илјади симнувања, што може многу да помогне во креирање целосна слика за колективниот имунитет на населението.

April 21, 2020 15:40
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Апликацијата StopKorona! има неколку илјади симнувања. Покрај нејзината улога да помогне побрзо во пронаоѓање заболени од Ковид-19, како што најавува министерот за здравство Венко Филипче во натамошниот период ќе има исклучително значење во давањето на вистинската слика заедно со правењето на проценката на имунитетот на населението.

Министерот во одговор на прашање рече дека ова е нешто што активно сега се разговара со членови на Комисијата за заразни болести и епидемиолози од Институтот за епидемиологија.

-Ја немам точната бројка, има неколку илјади симнувања. Меѓутоа, сакам да потенцирам дека ние сега разговараме и сега е период во кој разговараме за следните чекори во стратегијата заради тоа што и после овој период во кој ќе помине пикот, ќе дојде еден период во кој ние треба да бидеме спремни да и понатаму има одреден број на пациенти. Вирусот нема да исчезне. Нема да престанат луѓето да заболуваат од оваа работа и дека со овие мерки што сега се носат дека тој  тренд на опаѓање ќе продолжи и секогаш ќе имаме еден на број на пациенти што здравствениот систем може да ги амортизира. Меѓутоа, ќе дојде еден период во кој ќе треба да се направи и пресек, проценка да видиме ние како да ги димензионираме и другите мерки што би дошле на пример на сила и би ги препорачале на лето, крај на лето, почеток на есен. И тогаш оваа апликација заедно со во тој момент потребата за проценка на имунитетот на населението ќе биде од исклучително големо значење заради тоа што ќе укаже на конактите коишможеби човек не бил свесен дека ги има во даден момент, изјави министерот одговорајќи на новинарско прашње.

Тој појасни дека  сега се подготвува и систем за тоа да се види како да се промовира апликацијата, еден од моделите е тоа да биде преку матичните лекари преку кои би се спровела и таа анализа – серопреваленца да се испитаат антителата на одредени групи на население.

-Тоа испитување на имунитетот во комбинација со апликацијата сметаме дека ќе ни даде апсолутно најточни податоци за состојбата на имунитетот во даден момент, не сега – повторувам, заради тоа што сега сметаме дека не е време – нема да бидат валидни податоците – во смисла нема да бидат корисни, нема да има за што да ги искористиме бидејќи се уште е активна болеста и се уште нов број на пациенти се дијагностицираат. Така што, таа комбинација на пристап на апликацијата заедно со тестирањето за имунитетот сметаме дека во даден момент ќе ни ја даде вистинската слика за епидемијата, на имунолошкиот статус апропо овој вирус на нашето население и после врз основа на тоа ќе може да ги димензионираме – да ја правиме стратегијата за следниот период до крајот на годината бидејќи очигледно до изнаоѓање на вакцината секоја земја, не само нашата, ќе треба да ги има предвид сите мерки што ќе треба да се во еден момент порестриктивни, па да се затегнат на друго место, па да важат за различни возрасни групи, па да бидат во комбинација со овие мерки што важат за сите како заштитната опрема итн, рече Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

May 13, 2025
Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk