Барањето за конкретно олеснување на полицискиот час доаѓа од епидемиолозите и од Комисијата за заразни болести, а не од Наќе Чулев.
Од сигурни извори од главниот кризен штаб дознаваме дека не е точна информацијата која Наќе Чулев ја објави на ФБ, дека намалувањето на полицискиот час е на негово барање.
Изворот брифира дека таквата одлука доаѓа после анализа и барање на Комисијата за заразни болести, а барањето утрово било презентирано на штабот од страна на министерот Филипче. Дека за ова олеснување имаше подготовка уште во текот на велигденските празници говори и фактот што Владата во повеќе наврати најавуваше олеснување.
Дополнително, дознаваме дека непосредно пред велигденските празници, Чулев на крзиниот штаб се залагал за заострување на мерките, жалејќи се дека полицијата не можела да се справи со ситуацијата.