Вчера предпладне дошло до физичка пресметка во скопското село Арачиново. Во тепачката учествувале петмина.
„На 20.04.2020 во 11.30 часот било пријавено дека во с.Арачиново, во заеднички двор, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Е.Б.(65) и Ш.Б.(37), од една страна, и Д.Б.(52) и М.Б.(36), од друга страна, сите од с.Арачиново“ велат од МВР.
По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.