3авршен е увидот на Институтот за судска медицина на лицата коишто беа најдени починати во нивниот дом, мајка и син.
За мајката и синот од Велес коишто беа најдени починати во нивниот дом, според состојбата на телата, амбиенталните услови, сите информации коишто ги добиле докторите од Институтот за судска медицина констатирано е дека смртта настапила пред 3 до 5 недели од моментот на пронаоѓање, што е практично во текот на март, а не во текот на јануари, како што иницијално тоа беше споменато.
Телата на двајцата починати беа пронајдени на 6 април годинава.
Согласно тоа, информираше министерот Филипче, не постои некој посебен интерес да се прават дополнителни истражувања, апропо актуелната состојба со Ковид-19 вирусот, но, продолжува работата во однос на причината за смртта.