ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

На Детската клиника нема нови случаи на корона вирус, од затворот во Шутка сите 50 тестови се негативни

Министерот Филипче посочи дека направен е увид на целата Клиника, преземени се сите потребни мерки за дезинфекција и заштита, и сите одделенија функционираат најнормално.

April 21, 2020 16:14
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На Универзитетската клиника за детски болести ситуацијата е стабилна, нема нови позитивни случаи со корона вирус меѓу персоналот. Позитивни се лаборант, медицинска сестра и докторка од Одделот за имунологија, а не од Одделот за онкологија, како што кажав на минатата прес-конференција, изјави Филипче на денешната прес конференција.

Претпоставениот контакт е мајка на дете кое требало да се прими за терапија на Хематоонкологија според анкетите на епидемиолозите. По протоколот од одреден од Комисијата за заразни болести мајката е тестирана, дома е и таа е асимптоматска, додаде Филипче.

Посочи дека направен е увид на целата Клиника, чистење, степенувани се според ризик и контактите, работата е организирана по тимови и сите одделенија на Клиниката функционираат најнормално.

– Сомнителните пациенти се упатуваат во болницата во Козле и ако треба да влезат на Клинкиката за детски болести има посебен дел и соодветен пристап. Темелно се хоспитализираат и пациенти со малигни болести и хронични болни и пациенти со системски болести, како и новороденчиња, истакна министерот Филипче.

Во врска со Истражниот затвор во Шутка, тој рече дека завршени се сите анализи, таму сите околу 50 земени тестови се негативни и институцијата работи непречено.

– Во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров, исто така сите земени брисеви и тоа на тројца штитеници кои се таму и на 13 вработени се негативни. Работата е реорганизирана е според распоредот и таа институција функционира нормално, истакна Филипче.

Во врска со Центарот за јавно здравје во Велес, посочи дека еден од тамошните вработени е во самоизолација, но сите одделенија работат нормално. Додаде дека завршен е увидот и маркетот во Велес, при што 15 добиваат решенија за самоизолација, извршена е дизенфекција на објектот, а сопственикот треба да ја огранизира работата за да може да ја врши дејноста непречено.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесетии Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk