ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

18: Ублажени рестрикции, скратен полициски час, борбата против вирусот и заштитата на планетата мора да биде заедничка

Преглед на вести во 18 часот.

April 22, 2020 16:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Влада: Се ублажуваат рестрикциите, помало ограничување и за викенд. Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

Филипче: Од утре се скратува полицискиот час. За лицата над 67 годишна возраст, како што наведува тој, ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне. -Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот, објави Филипче на неговиот профил на Фејсбук.

Во Дебар од Ковид-19 излекувани 45 лица. Од вкупната бројка заразени, 17 биле на лекување во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби,од нив 13 се испишани како оздравени, додека четворица починаа,од кои тројца мажи од Дебар и една жена од Центар Жупа.

Прес конференција на Спасовски и Филипче за новостите за Ковид 19 и измената на владините мерки за превенција.

Макрадули: Борбата со вирусот и заштитата на планетата мора да биде заедничка.

Јани Макрадули – министер за ЖСПП

Макрадули посочува дека мора да се реализира во пократок временски период Планот за чист воздух кој предвидува јавните и државните институции да не загадуваат и субвенционирање на домаќинствата за еколошки начини на затоплување.

Новите автобуси „хармоники“ наскоро на скопските улици. Градоначалникот на Скопје на својот фејсбук профил ги објави новите автобуси „хармоники“ кои наскоро ќе сообраќаат по скопските улици.

Зеќири: Kога ќе престане вонредната состојба ќе започнат да течат роковите за предвремени парламентарни избори. – Наше е да се обидеме да биде свикана собраниска седница и затоа и формално преку собрани 20 пратенички потписи сакаме да ја покренавме оваа иницијатива и да ја доставиме до претседателот на Собранието. Насловена е како „Предлог на одлука за потврдување на одлуката за постоење на вонредна состојба на територијата на РС Македонија“ и содржи две идентични точки. Се однесуваат на двапати донесената одлука за вонредна состојба од претседателот на државата Стево Пендаровски, поради здравствената криза предизвикана од Ковид 19. Првата донесена на 18 март и втората на 16 април оваа година, рече Зеќири.

По 10 години падови, конечно напредок во извештаите на ЕК, голем скок во слободите, правата и правдата.

Најголемиот напредок по драстичниот пад од 2009 година се забележува во 2019 година кога се качува на оценка 1.91.

По промена на власта во ова поглавје на заедничкиот извештај за 2017-2018 година земјата се цени со 4 а иста оценка добива и во извештајот за 2019 година. Во поглавјето 24 “Правда, слобода и безбедност”, од 2009 во 2010/11 земјава се качува од оценка 3 на 4 а потоа, следните години паѓа на оценка 2 во 2016 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk