СКРАТУВАЊЕ на полицискиот час, како и задолжително носење заштитна маска на лицето се дел од мерките кои почнуваат да се применуваат од денеска и ќе важат на целата територија на државата.
ПРАТЕНИЦИ на СДСМ се очекува денеска до Собранието да ја достават иницијативата за повторно ставање во фунцкија на законодавниот дом.
НЕЗАВИСНАТА пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за свикување на распуштениот парламент. Како што велат од оваа пратеничка група, која се издвои од ДПМНЕ откако ги поддржа уставните измени, државата се наоѓа во вонредба состојба која пратениците треба да ја потврдат.
ЦЕНАТА на нафтените деривати во нашата земја е убедливо најевтина. Конкретно цената на дизелот во Албанија каде што е 0,75 евро центи е за 1.34 евро центи или 36 денари поскап од кај нас, во Србија е за 1.25 евро центи, Бугарија околу 1 евро – посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.
ЕБОР изрази задоволство како властите во Република Северна Македонија се справуваат со пандемијата на Ковид-19, како и од преземените мерки за намалување на последиците. На видео конференцијата беше истакнато дека банката ќе го активира „Пакетот солидарност“ за справување со економските последици од пандемијата.
САРАЧИНИ: Еве со какво зло си имам работа.
ОРГАНИЗАЦИЈАТА „Една може“ од денеска започнува активности поттикнати од вонредната состојба за поддршка на еднородителски семејства во ризик.
Во МАГАЦИН во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двесте и четириесет килограми (1240 кг) наркотична дрога марихуана спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи, информираше директорот на БЈБ, Саше Тасевски.
ВО последните недели, неколку студии покажаа дека има релативно низок процент на пушачи кај болните. Затворeници или пациентите од психијатриските болници – популации кои обично пушат многу – се чини дека малку се засегнати од Ковид-19.
СИТЕ држави треба да бидат крајно внимателни при повторното отворање на своите граници кога ќе почне да се намалува пандемијата со новиот корона вирус, изјави извршниот директор на Светска здравствена организација, Мајкл Риан.
АМЕРИКАНСКИОТ претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за суспензија на имиграцијата во САД.
КИНЕСКИТЕ здравствени власти шести ден по ред не пријавиле нов смртен случај од последици од Ковид-19.
АВСТРАЛИЈА ќе ја остави на сила забраната за патување во странство и нема да ги отвори своите граници барем уште четири месеци, се наведува во изјавата на главниот санитарен лекар во државата, Брендан Марфи до Парламентарна комисија за борба против пандемијата со Ковид-19.
ВРЕМЕТО преку ноќта и претпладне во југозападните делови во земјава ќе биде облачно со повремен дожд.
СООБРАЌАЈОТ на патиштата се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.