Градоначалникот на Штип Благој Бочварски пренесува дека денеска во Штип нема новозаболени, а излекувани од корона вирусот има 7 лица. Тој изразува благодарност до сите институции кои се борат и придонесуваат во сузбивање со корона вирусот. Бочварски најавува дека овој викенд ќе започне нов циклус на масовно дезинфицирање на улиците и јавните површини во градот, a 15 волонтери ќе помогнат во ставање на ред и делење на заштитни маски за секој граѓанин кој влегува во градскиот пазар.
„Благодарност до сите општински и централни институции кои се борат со оваа пандемија и придонесуваат во насока на заштита на градот и граѓаните.
Би сакал да ја информирам јавноста за една позитивна вест дека денеска во Штип нема новозаболени лица, а имаме 7 излекувани, со што бројката на излекувани достигна 7 лица.
Овој викенд ќе започнеме нов циклус на масовно дезинфицирање на улиците и јавните површини во градот.
Денеска 15 волонтери на Општина Штип се ставија на располагање да помогнат во ставање на ред и делење на заштитни маски за секој граѓанин кој влегува во градскиот пазар.
Општина Штип ќе ги ослободи од наплата на комунални такси и користење на јавен простор сите правни субјекти коишто се погодени од оваа криза во период на траење на вонредната состојба.
Ослободување од наплата на паркинг за граѓаните за месеците мај и јуни граѓаните ќе бидат ослободени од плаќање на паркинг.
Правните субјекти кои немаат остварено приход за време на вонредната состојба ќе бидат ослободени од 50% од плаќање на фирмарина за 2020 година.
Дозволите за достава на храна и намирници на маркетите и рестораните ќе важат и за овој викенд.“
Фејсбук пост на Благој Бочварски