Социјалната мрежа Твитер соопшти дека ќе ги отстранува непотврдените тврдења и дезинформациите кои предизвиквуваат паника и содржина која ги охрабрува луѓето да дејствуваат поради теориите на заговор околу 5Г технологијата, пренесува Мета.мк.
„Ги проширивме нашите правила за непроверени тврдења кои ги поттикнуваат луѓето да се впуштат во активности кои може да доведат до оштетување или уништување на 5Г инфраструктурата или да доведат до ширење паника, општествени немири или пореметувања во општеството“, појаснуваат од Twitter.
Новите правила не се однесуваат на сите твитови кои се поврзани со 5Г мрежата. Од платформата ќе бидат отстранети само оние објави кои поттикнуваат акција на рушење и уништување, како повици преку ноќ за сечење или палење на бандери на кои се наоѓаат 5Г базни станици.
We have broadened our guidance on unverified claims that incite people to engage in harmful activity, could lead to the destruction or damage of critical 5G infrastructure, or could lead to widespread panic, social unrest, or large-scale disorder.
— Twitter Safety (@TwitterSafety) April 22, 2020