ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Прилеп нема новозаболени од Ковид-19, дистрибуирани се дополнителни 3.500 заштитни маски

Денеска во општина Прилеп нема нови случаи на лица заболени од КОВИД-19. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на коронавирус. Тројца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика.

April 24, 2020 14:17
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Прилеп (Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн)

Прилеп (Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн)

Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во општина Прилеп нема нови случаи на лица заболени од КОВИД-19. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на коронавирус. Тројца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат 4 пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирус, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати. Во самоизолација се наоѓаат 356 лица.

Во текот на изминатото деноноќие немало прекршување на полицискиот час.

Во текот на денешниот ден, Општина Прилеп на претседателите на Урбаните заедници им дистрибуираше дополнителни 3.500 заштитни маски, кои ќе им бидат поделени на жителите на сите Урбани заедници.

Истовремено, заради зголемената фреквенција на луѓе за време на одбележувањето на празникот Голем Петок – Балаклија, пред манастирот „Св.Архангел Михаил“ и црквата „Св.Димитрија“ во населбата Варош, на граѓаните им беа поделени 1.500 заштитни маски.

Во сабота и недела, 25 и 26 април, дежурни ќе бидат истите маркети кои работеа и во текот на изминатите два викенда. Работното време на маркетите е од 07.00 до 15.00 часот, а доставата на нарачаната роба маркетите ја вршат со сопствен превоз.

 Дежурна аптека во сабота и недела, 25 и 26 април:

„Мента Фарм 2“……………..тел:070 711 651

Работното време на аптеката е 24 часа, по телефонски повик од лекарски тим од здравствената установа каде се спроведува дежурството.

Граѓаните кои заради извршување на земјоделски работи во деновите од викендот имаат потреба од движење за време на полицискиот час, денеска и утре, петок и сабота, да се јават во Општинскиот кризен штаб на телефонските броеви 048/401 700 и 0800 00 210, од 10.00 до 20.00 часот.

Во сабота и недела, Општина Прилеп ќе спроведе акција за дезинфекција на сите улици и јавни површини во градот.

Акцијата започнува утре, сабота 25 април, веднаш после почетокот на забраната за движење на граѓаните, во 15.00 часот. Акцијата ќе биде реализирана со волонтери од Прилеп и населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки ќе ги дезинфицираат улиците во сите населби во градот, вклучително и тесните улици во кои цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.

За таа цел, се замолуваат граѓаните да ги отстранат своите возила од јавните површини и да ги паркираат на соодветни места, заради непречено движење на возилата за дезинфекција по градските улици и поголема ефикасност во нивната дезинфекција.

Акцијата продолжува и во недела, 26 април во 10.00 часот, кога триесетина волонтери на Општина Прилеп ќе ги дезинфицираат влезовите и јавните површини пред сите згради во градот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВО ЖИВО) Онлајн прес-конференција на министерот Филипче

НАЈНОВО

СДСМ: Во кое својство Орце Ѓорѓиевски го отвори Скопскиот маратон?

October 5, 2025
ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

October 5, 2025

Меџити и архитектот Бајрам Вардар го претставија Мастер планот за Чаир

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk