Денес оздравени се 126, пациенти, а вкупно се 500 оздравени од корона вирусот. Двајца се починати и 19 новозаболени од Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања.
Министерот Филипче ќе предложи санкционирањето за неносече на заштитна маска да започне веднаш или најкасно од вторник, наместо прво да се применуваат опомени како што првично беше одлучено.
Министерството за труд и социјална политика апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките.
Денеска настапуваат шест изведувачи како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје за подрршка на културните работници.
Над 427 милиони евра исплатени кон земјоделците за помалку од три години истакнува Никица Бачовски, член на Комисија за земјоделство на СДСМ.
Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, во деноноќна борба со дрогата, успешни акции во Арачиново и Трубарево во само еден ден.
Розови фламинга го преплавија западното крајбрежје на Албанија
Српската Влада соопшти дека забраната за движење за првомајските празници ќе трае од четврток, 30 април од 18 часот до понеделник, 4 мај до пет часот.
Според „Ле 10 Спорт“, тимот од Мерсисајд работи напорно за привлекување на суперsвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе. За да бидат сигурни дека имаат предност пред другите грантови, Ливерпул го задолжиле за тешката задача лично нивниот менаџер, Јирген Клоп.