ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Санкционирањето за неносење на заштитна маска да започне веднаш

Министерот рече дека од она што може да се забележи од фотографиите и видео снимките низ целата држава, граѓаните не се придржуваат кон мерката носење на заштитна маска и затоа ќе предложи до Владата санкционирањето за неносече на заштитна маска да започне веднаш или најкасно од вторник, наместо прво да се применуваат опомени како што првично беше одлучено.

April 26, 2020 13:20
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната онлајн прес-конференција рече дека од она што може да се забележи од фотографиите и видео снимките низ целата држава, граѓаните не се придржуваат кон мерката носење на заштитна маска и затоа ќе предложи до Владата санкционирањето за неносече на заштитна маска да започне веднаш или најкасно од вторник, наместо прво да се применуваат опомени како што првично беше одлучено.

Според законската уредба на Владата што е на сила, задолжително е носење на маска или марама во сите затворени јавни места каде што има повеќе лица како маркети, продавници, банки, пошти, здравствени установи, како и при користење на јавен превоз.

На отворено, маските ќе бидат задолжителни на пазарите и на места каде нема можност да се одржува физичката дистанца од два метра. Маска не мора да се носи во двор, на тераса во сопствените домови,  на велосипед, при спортување на отворено или во автомобил со луѓе од семејство.

Во Уредбата беше предвидено до крајот на месецот тој што нема да носи маска ќе биде опоменат, а од мај следат и казни. Лицата кои нема да носат заштитна маска ќе бидат казнети 20 евра.

Фирмите кои нема да обезбедат заштитна опрема за вработените ќе бидат казнети со 2.000 евра, а одговорното лице на фирмата посебно ќе плати казна од 1000 евра.

Филипче ги објави и најновите резултати од корона вирусот во државава. Министерот истакна дека денеска се регистрирани оздравени пациенти 126. Со ова вкупната бројка на оздравени е 500.

„Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба. Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во:
– Скопје 3, Куманово 8, Прилеп 2, Струга 2, Велес 2, Гостивар-1, Виница 1
Со ова вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386 лица. Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања.“ истакна министерот Филипче.

Ј. Ѓ.

Next Post

Српската Влада го зголеми полицискиот час за Први мај

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk