ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Манчевски ја демантира заменичката: Нема нови вработувања, по потреба се продолжуваат договори

-Апсолутно не е точно тврдењето на заменичката. Забранети се нови вработувања освен ако не се работи за договори на луѓе кои се веќе ангажирани, односно за места кои веќе постојат и на кои се ангажирани лица. Донесовме Уредба на Влада со која тоа го забранивме.

April 26, 2020 17:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Не е точно дека има нови вработувања. Тие се забранети со Уредба на Влада. Се продолжуваат евентуално само договори, но на лица кои претходно биле ангажирани, ако се процени дека има потреба, вели министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Манчевски за „Детектор“ децидно ги отфрла обвинувањата на неговата заменичка Невенка Стаменковска Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ, дека „СДСМ и во овој период продолжува да вработува, иако тоа со владината Уредба е забрането“.

-Апсолутно не е точно тврдењето на заменичката. Забранети се нови вработувања освен ако не се работи за договори на луѓе кои се веќе ангажирани, односно за места кои веќе постојат и на кои се ангажирани лица. Донесовме Уредба на Влада со која тоа го забранивме. Зошто би носеле Уредба ако правиме нешто друго. Согласно потребите на институцијата може да се обноват договорите, но на веќе ангажираните луѓе. Не се работи за зголемување на бројот, тврди министерот.

Манчевски истакна дека сите министри во овој период работат за минимална плата.

-Бараме од сите останти чинители во општеството, и од јавниот и од приватниот сектор, да покажат минимум дел од таа солидарност, напомена Манчевски.

Анкетата на „Детектор“ покажува дека вкупно 80 отсто од граѓаните мислат дека јавниот сектор е партизиран, а само 8,2 процента имаат спротивно мислење, покажува анкетата на „Детектор“. Според граѓаните, без партиска книшка многу е тешко да се најде вработување во администрацијата. Сепак, повеќето од нив, повеќе би одбрале вработување во јавниот, отколку во приватниот сектор.

-За жал, ова е состојба во која граѓаните се наоѓаат подолго време и ова е впечаток што го имаат со децении. Факт е дека некои од политиките што почнавме да ги спроведуваме пред да се распишат предвремените парламентарни избори и пред корона-кризата, не беа реализирани 30 години. Во јавниот сектор, во поставеноста на институциите, постои прилично поголем хаос. Конечно, со поддршка на ЕУ, почнавме да работиме на целосна реорганизација, потенцира Манчевски.

Сегашниот систем, додаде, е поставен така, да за вработување на неопределно работно време, не може да се има никакво влијание од никого, а селекцијата на кандидатите е целосно автоматизирана.

Тој рече и дека се согласува со граѓаните според кои, ќе имаме многу попрофесионална администрација откако ќе ги почнеме преговорите со ЕУ.

Next Post

Науката ќе биде новата религија

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk