Последните промени околу бројот на нови регистрирани случаи на Ковид-19 кај нас, бројот на оздравени и вкупно спроведени тестови.
Министерството за здравство, пред најавената прес конференција на министерот Филипче, излезе со дневните статистики за денес, понеделник, 27 април.
Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени пациенти од коронавирус. По градови:
– Скопје 25
– Куманово 13
– Прилеп 5
– Струга 1
– Битола 4
– Охрид 1
– Кочани 4
Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1399 пациенти.
Починаа 4 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.
Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза, пишува во статусот на Министерството за здравство на Фејсбук.