ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Одговор на Фронтлајн до Ристески и до јавноста: Објавен е коментар од социјалните мрежи, Редакцијата не прави никакви злоупотреби, ниту местенки

April 27, 2020 23:35
in ДЕНЕС, СКАНДАЛИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во одговор на демантот, а во интерес на Петар Ристески, како и во интерес на јавноста, Редакцијата потенцира дека текстот на кој се однесува демантот е заснован на коментари на социјалните мрежи. Во текстот јасно и видливо е наведено дека се работи за содржина, односно објава на социјалната мрежа Твитер. Се работи за следниот твит:

Редакцијата ги отфрла обвинувањата од Ристески дека се работи за злоупотреба и местенка. Едно треба да биде јасно: Објавен е коментар од социјалните мрежи, Редакцијата нема намера да прави никакви злоупотреби, ниту местенки.

Коментарите на социјалните мрежи се со понов датум, односно во времето на вонредните мерки за заштита од ширењето на коронавирусот. Тие коментари се придружени со фотографии објавени на социјалните мрежи од јавни профили.

Веројатно, демантот треба да се упати до социјалната мрежа Твитер, како и до авторот на објавата на која свое место нашла оваа „стара“ фотографија, како што тврди Ристески.

Демантот од Ристески е уредно објавен во истата рубрика, истиот ден кога е објавена и содржината на која се однесува демантот. Линк до демантот е поместен и во овој одговор од Редакцијата до Ристески и до јавноста.

Редакцијата смета дека е потребно да се истакне и следното:

Јавните личности и политичарите треба да бидат свесни за својата општествена позиција и да го прифатат фактот дека се предмет на интерес на јавноста, на пофалби, но и на критики.

Секој треба да биде заштитен од лажните вести и од говорот на омразата.

Јавните личности, а особено политичарите, имаат обврска да дадат свој придонес во борбата против лажните вести и говорот на омразата со личен пример и апел до своите поддржувачи и до пошироката јавност, да се престане со манипулативното и насилничкото однесување на интернет.

Одговорноста, транспарентноста и отвореноста се водечки начела на Редакцијата Фронтлајн. Од првиот ден, Фронтлајн целосно се става во служба на јавниот интерес.

 

 

 

Next Post
Марјан Забрчанец

Забрчанец: ДПМНЕ покажува политичка „важност“, преку кандидати кои не го призанваат насилството од 27 април

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk