ЗАЕВ: Најпогодените сектори од кризата со корона вирусот, како угостителството, туризмот и транспортот покрај 14.500 по вработен, добиваат поддршка и од 50% од придонесите за април и мај.
ГРАДСКИОТ татко на прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање, појасни дека бил против ваквиот чекор и панорамскиот лифт не е дел од проектот на град Скопје за зазеленување на кровот на ГТЦ.
ХЕЛСИНШКИ комитет за човекови права: Во втората половина од април почнаа да се намалуваат пријавите за отпуштања од работа, но и да расте бројот на пријави од работници на кои платата не им била исплатена или им била намалена дури и за 50 проценти, незаконски повикувајќи се на институтот „виша сила“.
И ВТОРИОТ тест на корона вирус на премиерот Оливер Спасовски е негативен. Премиерот Спасовски по тој повод истакнува дека е многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.
НЕ биле тоа ракавици на рацете од телохранителите во теретаната каде што е фатен Мицкоски, вели Наќе Чулев.
ВЛАДАТА предводена од СДСМ се грижи за сите и преку пакет различни мерки за различните категории граѓани, преку иницирање солидарно однесување во општеството, ќе направиме се ударот од кризата да биде најмал, напиша денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
БАНКАРСКИОТ систем е подготвен да се справи со шокот од корона кризата, стои во Извештај за ризиците во банкарскиот систем во 2019 година усвоен на редовната седница на Народната банка.
Во ВРЕМЕ кога владее пандемија на Ковид-19 и поголемиот дел од јавните институции се затворени, а граѓаните седат дома, Google Art And Culture во соработка со неколку музеи и галерии во светот решија да ги отворат вратите за посетителите, овојпат виртуелно.
ЕПИДЕМИОЛОГОТ Предраг Кон оцени дека најновите податоци во Србија охрабруваат и покажуваат дека се смирува епидемијата.
НЕВЛАДИНАТА организација Унгарска унија за граѓански слободи (ТАСЗ), заклучи дека властите, користејќи ја пандемијата на Ковид-19 и вонредната состојба, дополнително им го ограничиле пристапот до информации и се обидуваат да ја дискредитираат независноста на медиумите.
А. Н. Стојчевски