ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Унгарски новинари се жалат на цензура

Сите се соочуваат со ист проблем: властите, користејќи ја вонредната состојба, дополнително им го ограничиле пристапот до информации и се обидуваат да ја дискредитираат независноста на медиумите.

April 29, 2020 15:12
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Државните органи одговараат само на избрани прашања од избрани новинари, а лекарите се плашат да зборуваат поради страв од казна, изјавија опозициски новинари од Унгарија во истражување спроведено во земјата. Приврзаниците на унгарската владејачка партија ги сметаат ваквите тврдења како „исполитизирани“, објави Би Би Си.

Невладината организација Унгарска унија за граѓански слободи (ТАСЗ), откако овој месец спроведе анкета меѓу новинари од 19 опозициски медиуми, заклучи дека сите се соочуваат со ист проблем: властите, користејќи ја пандемијата на Ковид-19 и вонредната состојба, дополнително им го ограничиле пристапот до информации и се обидуваат да ја дискредитираат независноста на медиумите.

Активисти за заштита на човековите права и новинари уште пред пандемијата постојано зборуваа за абнормалноста на ситуацијата во Унгарија: повеќето медиуми во земјата во последните години се под контрола на владејачката партија ФИДЕС, предводена од премиерот Виктор Орбан, и бизнисмени блиски до неа.

Соговорниците на ТАСЗ за време на истражувањето изјавиле дека на болниците и на владините агенции им е забрането да контактираат директно со медиумите, а сите информации се пренесуваат преку владината фокус група, која одржува секојдневни прес-конференции.

Кон крајот на минатиот месец унгарскиот Парламент усвои пакет итни закони во врска со пандемијата, со кои се предвидува, меѓу другото, и затворска казна за објавување информации за коронавирусот и мерките против заразата, кои властите сметаат дека се невистинити.

Next Post

Епидемијата во Србија се смирува, затворени некои од привремените болници

Најново

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk