ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: За граѓаните кои ќе останат без работа, Владата обезбедува 50% од просечната плата што ја земале

Најпогодените сектори од кризата со корона вирусот, како угостителството, туризмот и транспортот покрај 14.500 денари по вработен, добиваат поддршка и од 50 проценти од придонесите за април и мај.

April 29, 2020 15:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата предводена од СДСМ се грижи за сите и преку пакет различни мерки за различните категории граѓани, преку иницирање солидарно однесување во општеството, ќе направиме се ударот од кризата да биде најмал, напиша денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил, додавајќи дека за ова охрабруваат и денешните проекции на Светска банка, според кои, се проценува дека Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар од кризата од сите земји во регионот.

– За оние кои заради околностите ќе останат без работа, владата преку друга мерка обезбедува 50 проценти од просечна плата што ја земал граѓанинот, преку системот на социјална заштита. Ударот врз економијата е голем, но ќе успееме да ги заштитиме работниците. Во најтешкиот месец, април, нови невработени се 6.800 граѓани од вкупно 800.000 вработени граѓани, вели Заев.

Тој на фејсбук профилот пишува дека е сигурен оти со обезбедувањето флексибилност во користењето на мерките, бројката на новоневработени во следниот период ќе биде уште помала, како и дека во меѓувреме ќе активираат нов погон за македонската економија и преку креативни чекори ќе се обезбедат нови работни места.

– За сите квалификувани работници сигурен сум дека лесно ќе се најде работно место на пазарот на трудот, нагласува Заев.

Претседателот на СДСМ информира дека средствата кои Владата заедно со Светска банка ги обезбедила за компаниите и за работниците се за спас на многу работни места, а за да можат да аплицираат фирмите, појаснува Заев, да ги искористат средствата и со тоа да спречи губење на многу работни места, обезбедена е флексибилност во условите за користење на мерките.

– Најпогодените сектори од кризата со корона вирусот, како угостителството, туризмот и транспортот покрај 14.500 денари по вработен, добиваат поддршка и од 50 проценти од придонесите за април и мај. Фирмите кои ќе ја користат мерката помош од 14.500 денари по вработен, дури и да покажат добивка за 2020 година, нема да ја вратат помошта што ја добиле од Владата, но под услов истата сума на пари да ја инвестираат во развој на сопствената фирма во текот на 2021 година, појаснува Заев.

Фирмите можат да ги користат сите мерки на Владата, исклучиво доколку не спроведат отпуштања од поголеми размери, односно доколку евентуалните отпуштања не се поголеми од 5, 10 или 15 проценти соодветно за големи, средни, мали или микро фирми.

Next Post

НБРМ: Банкарскиот систем подготвен да се справи со шокот од корона кризата

Најново

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk