МИНИСТЕРОТ Филипче денес соопшти преку Фејсбук дека неговиот втор тест за Ковид-19 е негативен и тој се враќа на вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство.
СДСМ со реакција за техничкиот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Наќе Чулев, откако при сѐ уште незатворен случај, избрза да го коментира во јавност видео материјалот на кој се гледа Мицкоски по втор пат во теретана во време кога таквите објекти се затворени.
МИНИСТЕРСТВОТО за животна средина и просторно планирање донесе Одлука за избор на програми, проекти и активности кои ќе се финансираат од Програмата за инвестирање во животната средина за 2020 година.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Куманово, Максим Димитриевски кој беше првиот политичар кај нас позитивен на Ковид-19, денес соопшти преку својот Фејсбук профил дека и вториот тест за корона вирус на кој подлежал е негативен.
ПАНДЕМИЈАТА од корона вирусот измени многу секојдневни навики – посебно начинот на кој луѓето јадат на јавни места.
НА 11 и 18 мај, во Грција средношколците ќе се вратат во училишните клупи, основните училишта и градинките за сега остануваат затворени, со можност, доколку епидемијата оди во надолна линија, да се отворат на 1 јуни.
ДЕРЕКТОРОТ на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19 се дејствувало „брзо и одлучно“.
СПОРЕД последните податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени вкупно 3.188.027 лица. Од нив починале 225.606, а оздравеле 986.473 луѓе.
А. Н. Стојчевски