ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Во некои земји се олеснуваат построгите мерки, речиси милион оздравени низ светот.

April 29, 2020 19:20
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени вкупно 3.188.027 лица. Од нив починале 225.606, а оздравеле 986.473 луѓе.

– Во Швајцарија од 11 мај ќе се олеснат мерките воведени со цел спречување на ширењето на Ковид-19, изјави претседателката на земјата Симонета Сомаруга.

– Жена од Белгија, која минатиот викенд наполни 100 години, закрепна од Ковид-19 и е пуштена од болница.

– Заштитната опрема е дизајнирана како унисекс, но се поголем е бројот на забелешки од британските здравствени работници дека таквата опрема не секогаш им одговара на жените.

– Одговорот на претседателот на САД Доналд Трамп на пандемијата на корона вирусот претставува продолжение на долгогодишната пракса на неговата администрација да се подрива мислењето на експертите поради политички цели, пишува Њујорк Тајмс.

– Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб оцени дека втор бран на епидемија на корона вирусот би претставувал вистински ризик и најави дека вонредните мерки нема да бидат олеснети се додека Владата не биде сигурна дека втор бран може да се избегне.

– Во Велика Британија од корона вирусот досега починале 26.097 лица. Заразени се 165.221 луѓе.

– Мерките против новиот корона вирус што ги презема СЗО, како дел од системот на ОН, беа брзи и навремени, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Статистичките бројки за епидемијата на корона вирусот во Италија покажуваат дека продолжува бавно и постепено смирување на заразата. Во денешното соопштение на италијанската Агенција за цивилна заштита се вели дека бројот на починати денеска е 323 и помал од вчерашните 382, а бројот на новозаразени денеска изнесува 2.086, наспроти 2.091 колку што беа вчера. Вкупниот број на починати во Италија изнесува 27.682 и земјата е на второ место после САД.

– Финска на 14 мај повторно ќе ги отвори основните училишта кои беа затворени на 18 март поради пандемијата.

Next Post

СДСМ: Министерот Чулев предвреме се става во заштита на Мицкоски, датумот од снимката сѐ уште не е утврден

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk