ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Епидемијата во Србија се смирува, затворени некои од привремените болници

По укинување на мерките, во свеста на луѓето мора да остане најважното - забраната за контакти и заштитата на старите лица.

April 29, 2020 15:28
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Србија досега има евидентирано 8.724 заразени лица со корона вирус, 173 починати и 1.292 излечени граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

Во изминатите 24 часа, тестирани се 5.579 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот изнесува 227 лица, што за прв пат изнесува 4 отсто, со што вкупно во Србија има 8.724 потврдени случаи на Ковид 19, изјави на владината прес конференција членот на кризниот штаб епидемиологот Дарија Кисиќ.

Вкупниот број тестирани лица заклучно со денес во Србија изнесува 78.942 лица, а досега се излечени 1.292 пациенти, меѓу кои и 39 лица кои биле на респиратор.

Во Ковид болниците и привремените центри хоспитализирани се 2.470 пациенти, од кои со влошена клиничка слика се 78 лица кои се ставени на респиратор. Привремените монтажни болници за корона во Ниш се затворени.

Од вирусот во изминатите 24 часа починати се 5 лица, 3 мажи и 2 жени, со што вкупниот број на починати се искачи на 173 лица, со процент на смртност од 1,98 отсто.

Во 33 установи на социјална заштита и домови за стари лица позитивни на вирусот се 570 штитеници и 130 вработени.

Епидемијата со корона вирус е евидентирана во сите градови во Србија, а процентуално најмногу во Белград, изјави Кисиќ.

-Анализирајќи го бројот на потврдени случаи на вирусот во однос на градовите, во Белград има најмногу случаи на заразени или 2.122 граѓани се позитивни на вирусот што преставува 27,38 отсто од вкупниот број на заразени, потоа следи Ниш со 1.189 заразени или 15,34 отсто, додека во останатите градови, како Чуприја, Лесковац, Ваљево, Алексинац, Нови Сад и други имаат меѓу 1 и 2 отсто заразени во однос на вкупниот број на евидентирани случаи, изјави Кисиќ, која оцени дека корона вирусот „се помалку циркулира во градовите, за разлика од помалите места, што е добар показател“.

Епидемиологот Предраг Кон оцени дека најновите податоци охрабруваат и покажуваат дека во Србија се смирува епидемијата.

-Податоците укажуваат на смирување на епидемијата, можеби на нејзино гасење, но мора и понатаму да бидеме внимателни, бидејќи таа наоѓа простор да навлезе, каков што е случајот со геронтолошките центри, оцени Кон, кој додаде дека кризниот штаб на струката има цврст став, „острите мерки да останат уште овој викенд, за првомајските празници, а по укинување на мерките, во свеста мора да ни остане најважното-забраната за контакти и заштитата на старите лица.“

За српските државјани кои доаѓаат од странство, времето на задолжителниот карантин е намалено од 24 на 14 дена.

Во Србија денес се отворија парковите и шеталиштата, дозволени се спортските тренинзи, а на сила е забрана за движење од 18 часот до 5 часот наутро. Српската влада соопшти дека забраната за движење за првомајските празници ќе трае од четврток, 30 април од 18 часот до понеделник, 4 мај до 5 часот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

June 22, 2025

Концерт „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ во рамки на фестивалот Скопско лето

June 22, 2025
Генерирано со ВИ

ИДФ: Уништивме два ирански воени авиони и осум лансери за балистички ракети

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пациенти со тежок дијабетес се излекувани во мало испитување на нов лек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk