Поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски следејќи го примерот на функционерите од СДСМ, реши разликата од 14.500 денари од неговата плата да ја донира на Државниот фонд наменет за помагање на граѓаните и фирмите.
На својот профил на Фејсбук, Жерновски пиша:
Во сите мои текстови што ги пишував на Фб, а беа посветени на актуелната состојба со пандемијата, зборував за неопходност од СОЛИДАРНОСТ. Тоа, впрочем, беше и главната водилка во пристапот на Владата, на НАТО и на ЕУ.
Се разбира, би било крајно лицемерно од моја страна тоа да бидат само зборови, а не и дела. Сметам дека во оваа глобална здравствена и финансиска криза, тие со поголеми примања траба да бидат СОЛИДАРНИ и да ја скратат својата плата, за да има пари за оние кои останаа со помали примања или без работа.
Затоа, како и сите фунционери на СДСМ, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во Државниот фонд за помагање на граѓаните и фирмите.